Automobili Lamborghini осма година ја освојува титулата на најдобар работодавец во Италија. Станува збор за одликување што го доделува институтот Top Employers, раководејќи се според висината на стандардите во кадровото подрачје.
Повторно титула на најдобар работодавец за Lamborghini. Умберто Тосини, главниот кадровик во компанијата, коментира: „Ова одликување доби уште поголемо значење во годината на пандемијата. Нашата компанија беше во состојба да одговори на сите предизвици на вонредните услови на Ковид-19, при што поставивме највисок приоритет на нашите вработени и презедовме конкретни мерки, за да прикажеме максимална одговорност кон компанијата и нашата држава.“
Италијанскиот прозводител на престижни спортски автомобили продолжува да вложува во натамошно подобрување на добросостојбата на вработените, што води кон зголемување на нивната мотивација. Според компанијата од Сант Агата Болоњезе, „тоа претставува основа за доститнувањето на целите на компанијата“.
Lamborghini денес вработува над 1.800 лица, што е за 10% повеќе отколку лани и за 70% е повеќе отколку пред пет години
Периодов се инвестираше многу во дигитализацијата. Тоа овозможи, за време на локдаунот, бројни вработени да учествуваат во програми за доусовршување. Се одржуваа и вебинари за унапредување на телесното и духовното здравје на вработените. Во рамките на платформата за е-учење „Lamborghini Learning Place“, вработените можеа да стекнат нови квалификации преку виртуелна настава.
Во сложената економска ситуација околу корона-кризата, вработените можеа да побараат предвремена исплата на бонуси, како и исплата до висина од 80% од редовната плата за денови за непланиран одмор, вклучувајќи и 7 дополнителни денови за одмор. Вработените исто така можеа предвремено да побараат 80 часови дополнителен одмор, што може да се одработи подоцна, како и претворање на дел од 13-та плата во платен одмор. За да им се помогне на колегите во вонредна ситуација беше основан и фонд за солидарност. Се внимаваше и на наемните работници, чиишто договори беа продолжени за 6 месеци, со цел да се компензира за последиците од корона-кризата.
https://www.instagram.com/p/CLHonIzH7la/
















