за

Mercedes порачува „унапредете си ја зоната на комфор“ – Нова C-Class на 23-ти

Спортска, полна со емоции, штедлива и интелигентна. Така Mercedes ја најавува новата C-Class, премиерата е на 23-ти февруари.

mercedes c class w 206

Новата генерација на Mercedes C-Class ќе биде поштедлива и високо дигитализирана, развиена со цел да прерасне во зона за комфорно чувство. Штутгарт го осмисли својот нов модел од средната класа како своевидно прибежиште, што ги соединува двете спротивности – комфорот и спортското возење. Нормално, Mercedes и за својот нов C-Class вели дека тоа е „модерен луксуз“.

Големи промени се очекуваат во W 206, во новата генерација на C-Class, во споредба со претходничката. Таа ќе биде првиот Mercedes што од основниот до врвниот модел поседуваат електромотор во погонската спрега. Друга голема новина е вградувањето на втората генерација на корисничкиот интерфејс MBUX, кој доживеа премиера во знаменосецот S-Class. Штутгарт најавува дека новиот MBUX ќе напарви внатрешноста да биде уште подигитална и поинтелигентна. Испораките ќе стартуваат во јуни.

Внатрешноста е многу слична со S-Class, со голем средишен дисплеј и дигитални инструменти. Средишниот дисплеј со пречник од 11,9 инчи е завртен за 6 степен кон возачот. Главната цел при развојот било да се постигне спој меѓу комфорот и спортското возење. Многу е работено на звучната изолација, посветено е внимание и на најситните детали.

mercedes c class w 206

Во средната класа на Mercedes отсега ќе работат само четирицилиндарци. Во изведбата C 300 ќе работи дволитарски турбо со 258 КС. При забрзување, стартер-генераторот ќе испорачува краткотрајно уште 27 КС. Помошта од електромоторот трае околу 20 секунди.

Во поглед на спортските возни својства, како опција првоат ќе се нуди управувана задна оска, со тркала што во свијоци ќе може да изротираат за 2,5 степени. Во град, пак, задната оска ќе придонесува за значително скусување на кругот на вртење, за околу половина метар.

Сите детали секако ќе бидат познати на 23-ти февруари. Не се исклучени изненадувања.

Во меѓувреме еден кадар од GLA:

>>> Новиот Mercedes C-Class чека само уште датум за премиера

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lamborghini фабрика

Lamborghini е најдобар работодавец во Италија

volkswagen 7 модели Порше Македонија

Фолксвагенова симфонија број 8 во MQB-мајор