за

Новиот Mercedes C-Class чека само уште датум за премиера

Новата генерација на Mercedes C-Class веќе вози одвај маскирана во јавност, претставници од неколку медиуми имаа чест да седнат на совозачкото седиште.

mercedes c class w 206

По планетарно значајниот настан со појавувањето на новиот S-Class, Штутгарт веќе ја подготвува следната голема премиера. Неколку прототипи од самото претсериско производство се пуштија во јавност, со слабо маскирање и со јасно препознатлива фигура.

Првото што се забележува во силуетата на Mercedes C-Class е зголемената „престижна мера“. Тоа е растојанието од предната оска до А-столбовите. Марката со сребрената ѕвезда сака на тој начин да покаже дека останува верна на традиционалниот концепт, мотор напред надолжно, погон на задната оска.

„Едноставно не е можно со преден погон да се постигнат толку совршено избалансирани возни својства“, објаснува Кристијан Фруе. Инженерот е одговорен за C-Class, вклучувајќи ги и купе и кабриолет изведбите од C- и E-Class. Малкумината присутни медиумски претставници можеа да седнат зад воланот на новиот C-Class само во место. Но, и од совозачкото место им беше јасно на поканетите автори: Покрај тоа што е пријатно комфорен, автомобилот може без проблеми да се управува и по најсложени свијоци.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Откако „беби-бенцот“ беше претставен во 1982 година, малиот сестрински модел на E-Class постигна сензационален успех. Оваа моделска серија сега во одредена мера се враќа на своите корени. Тогашниот „190“, во почетокот беше достапен само со четирицилиндарски мотори. Дури по три години почнаа да се вградуваат и шестцилиндарци.

Новата Mercedes C-Class исто така ќе се појави во продажба со само четири цилиндри. Љубителите на марката залудно ќе се надеваат дека по одредено време, во моделот ќе почне да се вградува и шестцилиндарец. Планирани се само мотори со 4 цилиндри. Најсилен мотор во почетокот ќе работи во C 300 со 245 КС. Поголеми силини од тоа ќе се покриваат со модели со приклучен хибриден погон. Фановите на дизелот може да се радуваат на тоа што се планира и нова генерација приклучен хибрид со дизел мотор.

Во новиот Mercedes C-Class не се нуди мануелен менувач

Дури и варијантите од AMG, за кои уште не се откриваат детали, под хаубата ќе имаат четирицилиндарец. Врвниот модел сепак ќе постигнува над 500 КС. Сите модели што не се изведени како приклучен хибрид, ќе користат 48-волтен благ хибрид со стартер-генератор. Во сите модели ќе се вградува деветстепен автоматик. Мануелен менувач повеќе не постои во средната класа на Mercedes. Достапноста на погон на сите тркала останува.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Бројни иновации пристигаат во Mercedes-Benz C-Class. Секако дека кокпитот е изведен слично како кај S-Class, со големи застаклени површини што реагираат на допир и со брз инфо-забавен систем. Врв во озвучувањето е системот од Burmester. Постоењето на толку скап систем во автомобилот не е новина за Mercedes, затоа што голем дел од клиентите и дома поседуваат квалитетеn hi-fi, па често се посегнува по оваа опција во моделите на марката.

Меѓу останатите иновации се проекциски дисплеј што прави приказот да изгледа како да лебди на пет метри пред автомобилот, место над предниот браник. Софтверот ќе се вчитува автоматски. Пневматска суспензија не се планира, но ќе се нудат различни изведби на подвозјето, вклучувајќи и електронска регулација на амортизерите. Првпат ќе може да се доплати за управувана задна оска, што од една страна ги подобрува возните својства на отворено, а во град овозможува полесно паркирање.

За жал си заминува и класичната маска со ѕвезда на хаубата. Таква дизајнерска варијанта ќе се нуди само на моделот со продолжена каросерија што ќе се произведува во и за Кина. Европските клиенти ќе возат само варијанта со средишно поставена ѕвезда во маската, како што е случај кај спортските модели и кај компактите на Mercedes.

Лимузинската варијанта ќе ја има својата премиера за неколку месеци. Тимот во меѓувреме работи на комби изведбата, на T-Modell. Купето и кабриолетот ќе останат уште некое време со техниката од претходникот.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

rolls royce spirit of ecstasy

Емили сто и десетта година го краси Rolls-Royce

Најголемиот извозник на автомобили од САД е … BMW!