Тоа е најпрепознатливото обележје на марката Rolls-Royce, што ја краси хаубата на секој автомобил произведен во Гудвуд и еден од најпознатите, иконски и најпосакувани амблеми во светот.
Како основа за дизајнот на Духот на екстазата (Spirit of Ecstasy) послужила бронзената статуа ‘Whisper’, создадена од скулпторот и илустратор Чарлс Сајкс, за својот патрон, автомобилскиот пионер и ран ентузијаст за Rolls-Royce, Лорд Монтагју од Булију. Оттаму влече корени и фондациската поддршка за уметниците во рамките на Muse, уметничката програма на Rolls Royce.
Првата фигура на Духот на екстазата била висока 7 инчи, односно околу 18 сантиметри. Денес таа е речиси двојно помала и висока е 3 3/4 инчи, односно 9,5 сантиметри. Фигурата е сокриена во посебно куќиште и заштитена е од кражба, од коешто излегува по стартувањето на моторот. Филигрански механизам, познат како ‘the rise’ ја извлекува фигурата бавно и грациозно.
Како амблем, Духот на екстазата претставува многу повеќе од симбол за нашата компанија и за нашите производи. За нашите клиенти, таа е потентен, и инстантно и универзално препозатлив симбол – на успех, стремеж, достигнување и почит. Во својата убавина, едноставност, елеганција и раритет, таа го соединува сето тоа што го бараат нашите клиенти – и го наоѓаат – во својот автомобил Rolls-Royce.
Торстен Милер-Отвос, извршен директор на Rolls-Royce Motor Cars