за

Од сите продадени возила во Европа лани, 12% се хибриди, 10,5% се електрични

Во последниот квартал лани, еден од секои шест нови автомобили во ЕУ имал приклучок за струја (16,5%). Масивните субвенции за поттикнување на продажбата, доведоа до голем раст на пазарот на возила со ниска или нулта емисија на штетни материи.

Возачите почесто избираат Toyota од почетокот на корона-кризата

Чистиот хибриден погон и лани бил најпродаван вид алтернативен погон во земјите во ЕУ, со удел од 11,9% во вкупната продажба на автомобили. Тоа е голем раст во споредба со 2019 година, кога уделот на хибридите на Toyota & Co изнесувал 5,7 проценти од вкупниот пазар. Напредувале и возилата со приклучок за полнење, односно приклучни хибриди и чисто електрични возила, кои сочинуваат 10,5% од вкупната продажба на автомобили во Унијата. Преклани, нивниот удел бил 3,0 проценти.

Целиот пазар лани остана три милиони нови автомобили во кусок, како последица од корона-кризата. Најголем удар претрпе продажбата на возила што имаат само бензински или дизел мотор, но тие и натаму владејат неприкосновено со пазарот во ЕУ и лани учествувале со 75,5% во вкупниот пазар.

Од октомври до декември, продажбата на возилата со бензински и дизел мотор се намалила драстично. Бројот на новорегистрирани возила со погон на дизел во ЕУ се намалил за 23,0% на вкупно 730.837 возила. За споредба, дизелите во последниот квартал од 2019 година постигнале удел од 30,5% во вкупната продажба, додека во четвртиот квартал лани, нивниот удел се намалил на 25,4 проценти. Уделот на дизелите за цела ’20 година изнесува 28 проценти.

Уште поголем пад е забележан кај возилата со бензински мотор (-33.7%), кои од 1,7 милион примероци во периодот од октомври до декември преклани, во истиот период преклани спаднале на само 1,2 милион примероци. Уделот на бензинците во последниот квартал се намалил на 40,6%, наспроти 56,6% во истиот период во 2019 година. Со исклучок на Исланд, сите држави забележиле пад во бројот на новорегистрирани автомобили со бензински мотор во четвртиот квартал лани. Уделот на бензинците во ланската продажба изнесувал 47,5 проценти.

Најголемиот раст во продажбата на електричните возила е постигнат во земјите што имале и најголеми субвенции

Во четвртиот квартал, бројот на новорегистрирани возила со приклучок за струја во ЕУ пораснал од 130.992 примероци во 2019 година, на близу половина милион лани (+262.8%). Првпат во историјата, приклучните хибриди и електричните возила заедно се продавале подобро од хибридите. Големиот раст во побарувачката за батериски електрични возила и приклучни хибриди – со раст од +216.9% и 331.0% соодветно – главно се темели на државната помош за поттикнување на купувањето возила со ниска и нулта емисија на штетни материи. Главната заслуга ја имаат субвенциите. Во Германија, продажбата на батериски електрични возила се зголемила за повеќе од 500% во последното тромесечје лани.

Одлично напредуваат и чистите хибриди, со импресивен раст во продажбата во четвртиот квартал. Конкретно продажбата пораснала за 104,7%, од 212.612 возила во 2019 година на 435.260 возила лани. На хибридите им припаѓаат 15,1 проценти од пазарот во ЕУ лани.

Првпат во Унијата биле продадени над еден милион возила со електрифицирана погонска спрега, односно чисти хибриди (1.182.792 возила) и ориклучни хибриди и батериски електрични (1.045.831 возила).

Продажбата на патнички автомобили што користат алтернативно гориво, односно етанол (E85), автогас (LPG) и природен гас (метан, CNG) напредувала за 19,6% во последниот квартал, на вкупно 69.877 возила. Растот се должи во најголем дел на возилата со погон на автогас (+69.5%), додека продажбата на возила со погон на метан се намалила во истиот период (-35.3%).

Сите видови возила со алтернативен погон учествувале со 34,0% во продажбата на патнички автомобили во ЕУ во последниот квартал лани и вкупно достигнале близу еден милион возила (раст од 143,9% во споредба со 2019).

По држави, најголем раст на пазарот на возила со алтернативен погон имале Германија (+236,6%), Франција (+156.7%) и Италија (+108.9%) во последниот квартал лани.

>>> Колку возниот парк ни се електризираше во 2020 година?

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla model 3 performance na pateka

Tesla на тестирањата не го исполнува ветениот досег

rolls royce spirit of ecstasy

Емили сто и десетта година го краси Rolls-Royce