за

Tesla на тестирањата не го исполнува ветениот досег

На серија тестирања во САД со различни модели на Tesla, се покажа дека електричните автомобили заостануваат зад досегот според нормата EPA.

tesla model 3 performance na pateka

Автомобилите од останатите производители, на истите тестирања постигнале подолг досег од измерената вредност според EPA. Меѓу тие автомобили се наоѓа и Porsche Taycan.

Досегот според нормата EPA што Tesla го наведува за своите електрични автомобили во САД, далеку е од вредностите што се постигнуваат во реалноста. Во серија тестирања, пет модели на Tesla не ги достингаа вредностите на досегот според EPA.

Најмалото отстапување е утврдено кај Tesla Model S Performance од 2020 година, чијшто реален досег бил 2,5% под досегот според EPA (326 милји или 525 km). Најголемо било отстапувањето од 17% кај Model 3 Performance од 2018 година, којашто на тестирањата во реални услови постигнала само 256 милји (412 km) нaспроти декларираните 310 милји (499 km) според нормата EPA.

На тестирањата беа добиени следните резултати:

  • Tesla Model S Performance (2020): 326 милји според нормата EPA, 318 милји реално (-2,5%)
  • Tesla Model 3 Performance (2018): 310 милји според нормата EPA, 256 милји реално (-17,4%)
  • Tesla Model 3 Standard Range Plus (2020): 250 милји според нормата EPA, 232 милји реално (-7,2%)
  • Tesla Model X Long Range (2020): 328 милји според нормата EPA, 294 милји реално (-10,4%)
  • Tesla Model Y Performance (2020): 291 милји според нормата EPA, 263 милји реално (-9,6%)

Наспроти тоа, електричните автомобили од останатите производители во неколку случаи постигнаа дури и подобар досег од добиениот според нормата EPA. Во случајот на Porsche Taycan 4S, постигнатиот досег беше за речиси 60% подолг отколку досегот што производителот официјално го наведува во САД.

  • Porsche Taycan 4S (2020): 203 милји според нормата EPA, 323 милји реално (+59,3%)
  • Mini Cooper SE (2020): 110 милји според нормата EPA, 150 милји реално (+36,5%)
  • Hyundai Kona Electric (2019): 258 милји според нормата EPA, 315 милји реално (+21,9%)
  • Kia Niro EV (2020): 239 милји според нормата EPA, 285 милји реално (+19,2%)
porsche taycan turbo s
porsche taycan turbo s

На тестовите се возеше во најтедливиот режим

Досегот според EPA е процена врз основа на лабораториските тестови, што се состои од 45% возење во град и 55% возење по автопат. Километражата што се минува во лабораторија, на пробни валци, до целосното празнење на батеријата, се множи со фактор меѓу 0 и 1.

>>> Mini Cooper SE ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 2)

На тестирањата што ги проведе платформата Edmunds, се поаѓаше со полна батерија и се совладуваше растојание, со удел на возење во градски сообраќај од 60% и удел на возење по автопат со 40%, до празнењето на батеријата – поточно се возеше сé додека патниот компјутер не покаже дека со батеријата може да се минат само уште десет милји, односно петнаесетина километри.

Edmunds на тестирањата стави поголем нагласок на градскиот сообраќај, отколку на возењето по автопат. Кај нормата EPA е токму спротивниот случај. Од компанијата ценат дека нивниот начин на мерење е поверодостоен. Разликите произлегуваат и од тоа што при EPA-мерењата се вози во стандарден режим, додека кај Edmunds, сите електрични автомобили се возеа во најштедливиот модус.

Tesla ќе прифаќа и плаќање во биткоин

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nia niro ev jd power електрични автомобили

Kia @ USA: Возачите на електрични возила најзадоволни од Niro EV

Возачите почесто избираат Toyota од почетокот на корона-кризата

Од сите продадени возила во Европа лани, 12% се хибриди, 10,5% се електрични