за

Kia @ USA: Возачите на електрични возила најзадоволни од Niro EV

Електричната Kia Niro EV победи во својата категорија во студијата за задоволството на сопствениците спроведена од J.D.Power.

nia niro ev jd power електрични автомобили

Уште една победа на Kia Niro EV што им го зајакнува имиџот на електричните возила на корејската марка, пред вистински да започне електро-офанзивата во рамките на Plan S.

Kia Niro EV е на првото место во студијата на познатиот американски институт J.D. Power, во којашто сопствениците на електрични возила искажуваат колку се задоволни од изборот на својот автомобил. Кросоверот на Kia победи во категоријата на волуменски марки. Институтот првпат спроведува студија што се однесува на електричните автомобили.

Резултатите се базираат врз оцените на близу 10.000 сопственици на електрични автомобили. Американските возачки и возачи ги оценуваа своите возила според трошоците, досегот со полна батерија и уживањето во возењето. Возачите на електрични автомобили исто така одговараа дали повторно би купиле електричен модел и дали својот автомобил би го препорачале понатаму.

Kia Niro

Kia го смени и логото и слоганот, за целосно да се префрли на остварувањето на Plan S. Во рамките на овој стратешки план, во електромобилноста се инвестираат 25 милијарди долари до 2025 година. Освен возила на струја, Plan S опфаќа и услуги за мобилност, конективност и автономно возење.

Во студијата на J.D.Power учествуваа 9.632 сопственици на електрични возила произведени меѓу 2015 и 2020 година. Индексот на моделите во студијата се одредуваше според веродостојноста на фабрички декларираниот досег, достапноста на јавни електрични полначи, досег, оперативни трошоци, задоволство во возење и едноставно полнење дома, како и квалитет на возилата и издржливост.

>>> Kia во јануари ја зголемила продажбата за 2,5 проценти

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda Fabia 4

Следна е на ред Škoda Fabia

tesla model 3 performance na pateka

Tesla на тестирањата не го исполнува ветениот досег