за

Kia во јануари ја зголемила продажбата за 2,5 проценти

Првиот месец од годината ѝ донесе на Kia раст од 2,5% во продажбата во споредба со ланскиот јануари или вкупно 226.298 продадени возила на светскиот пазар.

Kia во јануари ја зголемила продажбата за 2,5 проценти

Домашниот пазар силно ја подржува Kia во време кога треба да се надомести за кусокот од корона-кризната година. Во Кореја во јануари биле продадени вкупно 41.481 возила или за 12% повеќе отколку во првиот месец од ’20. Сепак расте и извозот, со 184.814 возила или за 0,6 процент повеќе.

Kia во јануари продала 226.298 возила на светскиот пазар, за 2,5 проценти повеќе отколку во истиот месец лани. Продажбата и натаму ја предводат СУВ-моделите, со 33.560 примероци од Kia Sportage како бестселер на марката, пред Seltos со 31.058 примероци и Sorento со 20.510 примероци.

На домашниот пазар, продажбата пораснала за 12 проценти, на вкупно 41.481 возила, благодарение на одличната побарувачка за nовата генерација на миниванот Carnival, за престижниот СУВ-модел Sorento и за лимузината од средна класа K5.

Извозот порасна за 0,6 проценти во споредба со јануари ’20, со вкупно 184.817 возила. Прв на списокот на најпродавани модели е Sportage, пред Sorento и вечно популарниот K3, лимузина врз основа на Rio.

Иако светот уште е во пандемија, добрата понуда од СУВ-модели придонесе да се задржи постојаноста во продажбата. Во споредба со јануари лани, продажбата на Sorento пораснала за 35 проценти, додека американскиот Telluride напредувал за 26,2 проценти.

Целта на Kia за 2021 година е продажба од 2,92 милиони возила на светскиот пазар. Продажбата ќе се поттикнува и со воведување нови моделски генерации. Kia сега првпат најавува дека годинава престои премиера на новата генерација на глобалниот хит-модел Sportage, а претстои и нова голема лимузина во понудата, со K7. Најголема сензација ќе биде електричниот кросовер базиран врз новата платформа, кој ќе понуди врвна технологија и перформанси во сегментот.

>>> Stonic во трендовска изведба GT Line во салонот на Kia

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes Benz Trucks Карин Радстром

Камионскиот огранок на Mercedes има нова шефица, добредојде за Карин Радстром

bmw алуминиум соларна енергија

BMW користи алуминиум произведен со пустинско сонце