за

Камионскиот огранок на Mercedes има нова шефица, добредојде за Карин Радстром

Швеѓанката Карин Радстром е нова шефица на Mercedes-Benz Trucks, таа доаѓа на местото на Штефан Бухнер.

Mercedes Benz Trucks Карин Радстром

Карин Радстром денес ја презеде функцијата на членка на управниот одбор на Daimler Truck AG, одговорна за Mercedes-Benz Trucks. Претходното работно место на Радстром беше во Scania, кадешто таа беше членка на управниот одбор, одговорна за продажбата и маркетингот.

Голема радост ни претставува да ја поздравиме Карин во нашиот глобален раководен тим. Таа поседува широко и богато интернационално искуство во индустријата за товарни возила и има постигнато големи успеси во изградбата на продажна организација, што е ориентирана кон клиентите, како и маркетиншки настап во истата насока“, изјави денес Мартин Даум, претседател на управниот одбор на Daimler Truck AG и член на управата на Daimler AG.

Родум Швеѓанка, Радстром ја започнала својата кариера како приправник во Scania во 2004 година, по дипломирањето како инженерка во индустриски менаџмент на Кралскиот технички факултет во Стокхолм. Од 2007 година, таа се наоѓа на најразлични раководни позиции во рамките на продажната и сервисната организација на Scania, вклучувајќи и раководење со автобускиот бизнис на компанијата и организирање на бизнисот со дигитални и вмрежени возила.

Радстром го наследува Штефан Бухнер, кој во октомври лани замина во пензија.

>>> Mercedes Actros што влече 250 тони произведен во 500-от примерок

Mercedes Actros што влече 250 тони произведен во 500-от примерок

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вака фабричкиот возач на BMW го тестира M5 CS

Kia во јануари ја зголемила продажбата за 2,5 проценти

Kia во јануари ја зголемила продажбата за 2,5 проценти