за

Вака фабричкиот возач на BMW го тестира M5 CS

Непосредно пред својот прв голем настан на тркачките патеки годинава, 24 часа Дајтона, BMW го претстави новиот M5 CS.

BMW M5 CS е најсилниот модел што излегол од M GmbH, со своите 635 КС. Викендов тој се појави во улога на безбедносен автомобил пред маратонската трка во Дајтона, САД. Возачот на тимот RLL, Конор Де Филипи, го тестираше BMW M5 CS пред почетокот на големата трка.

M-коњските сили не му се непознати на Де Филипи. Фабричкиот возач на BMW во 2019 година победи на 24 часа Дајтона во класата GTLM, со M8 GTE. Пред почетокот на годинешниов маратон на американската патека, тој викендов имаше можност да ужива во новиот BMW M5 CS. Конор можеше лично да се увери во способностите на најсилниот „M на сите времиња и да тестира еден од првите примероци од CS што е наменет за прекуокеанскиот пазар.

Првото возење ми остави силни впечатоци. Неверојатно е колку BMW M5 CS е агилен во тесните свијоци и воопшто колку има лесна упраливост, покрај неговата големина“, изјави тркачот по пробното возење.

Овие својства на BMW M5 CS во голем дел произлегуваат и од неговата лесна конструкција. Во споредба со BMW M5 Competition, лимузината што е блиска до тркачките патеки е за 70 килограми полесна. Ексклузивната изведба на M5 спринтува од место до темпо сто за само 3,0 секунди, а постигнува 200 километри на час по само 10,3 секунди од стартот. Крајната брзина е ограничена (!) на 305 километри на час. „Од мое гледиште, секој детал во ова возило е изработен за највисокото ниво на мотоспортот“, оценува Де Филипи.

CS учестуваше и на самата трка во Дајтона, како безбедносен автомобил во Michelin Pilot Challenge. Маркус Флаш, директорот на BMW M GmbH, беше во улога на виртуелен главен на трката и ја имаше честа да го каже прочуеното „Ladies and Gentlemen, Start your Engines”.

Ексклузивецот не е наменет само за тркачка патека, туку и за секојдневието. Де Филипи: „Овој автомобил е ултимативна комбинација меѓу автомобил што е погоден за секојдневито и спортски автомобил. BMW M5 ми се допаѓа, на пример, поради тоа што можам мојот велосипед и мојот багаж да го сместам во возилото, без притоа да се откажувам од спортското возење. Во само неколку потези, автомобилот станува подготвен за тркачка патека“.

>>> BMW M5 CS со трето ракетно полнење

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Land Cruiser 2021 тест

Toyota Land Cruiser е како фабрика за теренско возење

Mercedes Benz Trucks Карин Радстром

Камионскиот огранок на Mercedes има нова шефица, добредојде за Карин Радстром