за

Mercedes Actros што влече 250 тони произведен во 500-от примерок

Славеничкиот Mercedes-Benz Actros 4163 LS SLT е наменет за превоз на големи и тешки делови, на пример за хидроцентрали или рудници.

Mercedes Actros што влече 250 тони произведен во 500-от примерок

Mercedes-Benz Actros SLT е ознаката во којашто специјалистите ја препознаваат изведбата на супер-влекачот што е конструиран за вкупна дозволена тежина до 250 тони.

Петстотиот примерок од влекачот Mercedes-Benz SLT, изработен врз база на актуелниот Actros, наменет е за германската компанија TSB Transport-Service Beitinger. Славеничкиот примерок е од типот Mercedes-Benz Actros 4163 LS SLT. Моторот е најсилниот што се вградува во камионите на Mercedes. Станува збор за OM 473 R6-мотор со зафатнина од 15,6 литри. Моќноста изнесува 625 КС, вртежниот момент достигнува 3.000 њутнметри.

За превоз со вкупна тежина до 250 тони, менувачот G 280 е опремен со турбо-ретардер спојка TRK. Од исклучителна важност при тежок транспорт е декомпресиската моторна сопирачка на OM 473. Нејзината моќност достигнува 646 КС. Заедно со TRK (примарен ретартер), вкупната моќност на моторната сопирачка изнесува 980 КС.

Тешкиот транспорт обично се врши ноќе. Затоа, 500-от примерок од SLT e опремен со L-кабина GigaSpace со рамен под. На покривот на SLT е поставен соларен панел. Негова задача е да ги напојува потрошувачите на струја, како клима уредот, без потреба да работи моторот.

New item by Automedia MK / Google Photos

SLT поседува тројна задна оска, што содржи управувана пратечка оска и две погонски оски. Предната оска секогаш користи челични пружини и може да се избере со носивост од 8 или 9 тони. Пратечката оска со пневматска амортизација и носивост до 8 тони се управува преку електрохидраулика. Двете задни оски на Actros SLT имаат носивост од 13,4 тони и стандардно располагаат со познатата пневматска амортизација на Actros со четири комори.

>>> Чоколадите Ritter Sport се возат со електричен Mercedes eActros

Чоколадите Ritter Sport се возат со електричен Mercedes eActros

https://www.instagram.com/p/CI3JXauJzCA/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот BMW iX3 чини 66.000 € во Германија, има субвенција

Електричниот BMW iX3 чини 66.000 € во Германија, има субвенција

moto guzzi v7 2021

Moto Guzzi V7 доби нов мотор од 850 ccm