за

Електричниот BMW iX3 чини 66.000 € во Германија, има субвенција

Минхен ги објави цените за првиот електричен X-модел, за BMW iX3. Цената е пониска отколку за X3 M40d со 326-дизел КС, а има и „дебела“ субвенција.

Електричниот BMW iX3 чини 66.000 € во Германија, има субвенција

Првиот електричен модел на BMW од семејството „X“, во Германија стартува од 66.300 евра. Досегот е речиси 500 километри, перформансите се на ниво.

По стартот со електричниот i3 и воведувањето на подмарката за електрични возила BMW i, исто и по суперхибридот i8, кој во меѓувреме чека наследник, Минхен стартува со продажба на својот прв електричен модел под матичната марка. BMW iX3 во најголемиот дел е идентичен со бензинските и дизелските X3, но во најважниот дел е сосем различен. Тој вози на струја и го прави тоа одлично, судејќи според пеформансите.

Со електромотор со „стандардни-бемвеовски“ 210 киловати, односно 286 КС, заедно со максимални 400 њунтметри вртежен момент, BMW iX3 спринтува до темпо сто за 6,8 секунди. До 60 km/h е уште помалку достижен за трка од семафор, со своите 3,7 секунди. Трката на електричниот X сепак е во другите подрачја. Крајната брзина е лимитирана на 180 km/h.

При полнење до 80%, времето на чекање на полначи од 22 kW како на ЕВН би изнесувало нешто повеќе од два часa

Со батерија од 80 kWh, најновиот BMW на струја минува до 571 километри низ град, односно до 458 километри на отворено. Тоа се реални вредности, според новата норма WLTP. При користење брз полнач со еднонасочна струја и моќност од 150 kW, батеријата се полни до 80% за околу половина час, додека при користење на домашен ѕиден полнач со 11 kW, полнењето трае 7:30 часови – до 100 проценти. На полначите на ЕВН во Македонија, кои полнат со 22 kW, ова време би се преполовило, што значи би изнесувало нешто повеќе од два часа до 80% и помалку од четири часови до сто проценти.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Тежината на празно возило изнесува 2.260 kg, носивоста изнесува 540 kg, во багажникот собира 510, односно 1.560 литри. Тоа значи дека капацитетите на iX3 во секој поглед се на X3-ниво. Минхен дозволува и влечење приколка тешка до 750 килограми, до нагорнина од 12 проценти. Дури и понирањето во вода е „стандардно“ X со 500 милиметри. Погонот е назад.

Германскиот ценовник наведува две изведби, Inspiring за 66.300 евра и повисоко ниво Impressive за 71.800 евра. Стандардната опрема вклучува металик лак, тркала од 19 инчи со специјален дизајн, диодни светла, стаклен покрив, кровен носач за багаж, аларм, паркинг сензори, дигитални инструменти, комплет навигација и онлајн-конективност, безжично полнење телефон, 3-зонска климатизација, галванизирани команди, облоги на седиштата Сензатек, електрично местење на предните седишта и амбиентално светло.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во нивото Impressive следат за еден инч поголеми тркала, специјални звучни ефекти, напреден систем за паркирање, адаптивни диодни светла со автоматско долго светло, пристап без клуч, проекциски дисплеј, озвучување Harman-Kardon, стакла со звучна изолација, ракување преку гестикулација, кожени облоги на седиштата и спортски предни седишта.

Убавата вест, но пак за германскиот пазар, е тоа што на редовната цена следи субвенција за електрични автомобили во висина од 7.500 евра (до 40.000 евра основна цена истата изнесува 9.000 евра). Тоа значи дека купувачите на BMW iX3 во Германија ќе плаќаат нешто повеќе од 58.000 евра за својот електричен „САВ“. Испораката на електричниот X ќе започне во јануари в година.

>>> BMW се подготвува за старт на електричниот iX3

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Team Fordzilla P1 се пресели од светот на игрите во реалноста

Fordzilla P1 се пресели од светот на игрите во реалноста

Mercedes Actros што влече 250 тони произведен во 500-от примерок

Mercedes Actros што влече 250 тони произведен во 500-от примерок