за

Следна е на ред Škoda Fabia

Чешката марка првпат ја објавува силуетата на четвртата генеација на Škoda Fabia.

Škoda Fabia 4

Škoda најавува голем чекор напред во дизајнот и во технологијата на новата генерација на Fabia. Првиот модел со ова име во 1999 година имаше голема задача да настапи како веродостоен наследник на Felicia и Favorit.

Според тоа што го открива силуетата на моделот од четвртата генерација, новата Fabia ќе има сменети пропорции, што ќе внесат поголема динамика во појавата на автомобилот. Пристигаат и бројни нови технологии, безбедноста оди на скалило погоре, расте и багажникот.

Новата Škoda Fabia ја користи платформата MQB-A0 на концернот Volkswagen, којашто е наменета за моделите од градската класа. Оваа платформа овозможи Fabia IV да порасне во сите димензии. Премиерата на моделот ќе биде напролет. Чесите откриваат дека багажникот ќе порасне за 50 литри, односно ќе нуди 380 литри. Покрута каросерија и цел арсенал од безбедносни и комфорни системи ќе направат возењето да биде поголемо уживање, а во исто време ќе ги зголемат активната и пасивната безбедност.

Погонската понуда ќе се состои  EVO-бензинец во неколку степени на моќност, со ниска потрошувачка и емисија на СО2. Моторите ќе може да се комбинираат и со 7-степен DSG. Целта при развојот на новиот модел е Škoda Fabia да биде еден од моделите со најуниверзална примена во класата, исто како првата генерација од 1999 година.

>>> Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes Benz EQA

Mercedes EQA на струја во Германија чини помалку од дизел

nia niro ev jd power електрични автомобили

Kia @ USA: Возачите на електрични возила најзадоволни од Niro EV