Tesla ќе прифаќа и плаќање во биткоин

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ќе овозможи и плаќање во дигитални валути. Откако проструи веста дека Tesla инвестирала неколку милијарди долари во биткоинот, вредноста на најстарата и најпозната крипто-девиза порасна за неколку илјади долари. На платформата битстемп, курсот порасна за повеќе од 15 проценти и достигна 44.899 долари. Пртходниот рекорд беше 42.000 долари.

Tesla во блиска иднина ќе прифаќа плаќање во биткоин при купување електрични автомобили и останати производи од компанијата. Компанијата купила биткоини во вредност од 1,5 милијарда долари, односно 1,25 милијарда евра. Со новата смерница на компанијата е одлучено, Tesla во иднина да инвестира и во дигитален капитал, но и во злато и останати непрецизирани предмети на финансирање.

Калифорнискиот електро-специјалист кон крајот на минатата година располагал со ликвидна маса во висина од 19,4 милијарди долари. Алтернативните инвестиции ќе му овозможат на концернот на Илон Маск да биде пофлексибилен во управувањето со готовина и да ја зголеми добивката. Уште не е објавено, кога точно клиентите ќе можат да плаќаат со биткоин.

Илон Маск, шефот на Tesla, докажан е како љубител на криптовалутите. Фановите посебно го ценат Маск и неговите твитови честопати влијаат врз курсот на дигиталните валути. Техно-милијардерот дава силна поддршка и за криптовалутата догкоин, којашто почна како виц на интернет. Снуп Дог и басистот на рок-бендот Кис, Џин Симонс, исто така се залагаат за валутата.

Курсот на догкоин, кој беше воведен во 2013 година како интернет валута, денес достигна рекордна висина од 8,6 центи. Тоа можеби изгледа малку, но пазарната вредност на сите догкоини што се во оптек моментно изнесува 10 милијарди американски долари. Пред само неколку недели, вредноста му беше нула.

>>> Минатата година за Tesla беше прва со позитивен биланс

Претходна објаваBMW M перформанс-марка на годината според магазинот Auto Zeitung
Следна објаваГолемите снегови не го попречија производството во Volkswagen

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here