Volkswagen главно остана поштеден од големото снежно невреме што го зафати северниот и средишниот дел на Германија. Во Цвикау, каде што се произведуваат електричните автомобили од семејството ID, продукцијата утрово започнала со „незначително смален обем“, поради доцнењето на испораката на компоненти од добавувачите. Веќе до попладнето, ситуацијата се нормализирала.
Концернот се подготвил за евентуални ограничувања и во останатите свои фабрики, откако се најавени обилни снежни врнежи. Погоден е железничкиот сообраќај во повеќе региони во земјата. Прекини во производството поради недостиг од компоненти сепак се исклучуваат.
Во матичната фабрика во Волфсбург денес нормално започнала утринската смена. „Фабриките во дел се дополнително подготвени за натамошните снежни вртежи во следните денови, така што се исклучува можност за поголеми пречки“, јавуваат од германскиот концерн.
Ситуацијата е различна кај добавувачот за автомобилската индустрија Conti, кој исто така има повеќе фабрики во регионите што се зафатени од високите снегови. Редовните испораки од Conti до автомобилските фабрики во Германија се извршени со мало доцнење, но ситуацијата се следи будно и се одржуваат контакти со сопствените добавувачи.