за

Градоначалникот на Волфсбург вози … Golf

Градоначалникот на Волфсбург вози Volkswagen Golf
Градоначалникот на Волфсбург вози Volkswagen Golf

Градоначалникот на Волфсбург, Клаус Морс, сигурно не сака да се издвојува со изборот на својот нов службен автомобил во градот на марката и на концернот Volkswagen, и секако, во градот на Golf.

Првиот човек во градската управа на Волфсбург денес го презеде својот нов службен автомобил директно од фабрика и за тоа не мораше ниту да го напушта градот. Клаус Морс избра металик сив Volkswagen Golf e-TSI и има бројни причини зошто се решил за овој автомобил. „Спонтано се решив за новиот Golf, уште откако го видов првпат,“ изјави Морс при преземањето на возилото во центарот за клиенти во Автомобилскиот Град.

Возилото за градоначалникот го предаде лично првиот човек во продажбата на Volkswagen, Холгер Б. Зантел. Еден од најважните автомобили во градот ќе се препознава и по регистерската ознака WOB-OB 01. Возилото користи благ хибриден погон со 48-волтна мрежа.

Откако стапил на служба во 2011 година, Морс секогаш избирал Passat, двапати модел со погон на метан и двапати GTE-хибрид. Неизвесно е дали шоферот Риад Ибрахим овојпат ќе успее да ги извози вообичаените 30.000 километри годишно со хибридниот Golf. Volkswagen на приватните клиенти со договор за лизинг им нуди можност, актуелните нови автомобили од Volkswagen во лето да ги заменат со електричниот ID.3.  Градоначалникот на Волфсбург беше јасен во својата изјава дека уште при првата можност ќе се префрли на новиот компакт со погон на струја. Според тоа, следната вест за градоначалникот на Волфсбург ќе биде  преземањето на електричниот ID.3, на Golf на новото време.

volkswagen golf 8
Volkswagen Golf 8 при неговата македонска премиера во Порше Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Полскиот Solaris добил нарачки за 500 електрични автобуси

Полскиот Solaris доби нарачки за 500 електрични автобуси

tesla model 3 performance na pateka

Tesla Model 3 доби хардвер и софтвер за тркачка патека