Противвредноста, достапната технологија и чувството при возење на новата генерација на Kia Sorento и на лимузината од средната класа K5 (Optima) се покажаа како победничка комбинација за овие модели да се пласираат меѓу најдобрите моделски новини годинава според американската онлајн берза за нови и користени автомобили Autotrader.
Двата најнови модели на Kia, лимузината од средната класа K5 (кај нас претходничката е позната како Optima) и престижниот СУВ-модел Sorento се избрани меѓу „Best New Cars for 2021” од страна на онлајн-берзата Autotrader.
„Пласирањето на двата коплетно нови модели, лимузината од средната класа K5 и СУВ-моделот Sorento, меѓу ‘Best New Cars for 2021’ на Autotrader е признание за посветеноста на Kia во дизајнот, квалитетот и задоволството на клиентите“, изјави Шон Јун, претседател на огранокот на Kia за Северна Америка. За американскиот шеф на Kia, последниве признанија за марката Kia „покажуваат дека филозофијата посветена во создавање спортски лимузини и способни СУВ модели наидува на одѕив кај клиентите и кај експертите на Autotrader.”
K5 освои најмногу симпатии на Autotrader со впечатливиот изглед и со просторната кабина, со висока технологија. Покрај тоа, за спортската лимузина на Kia решаваа уште напредните опции, динамичните возни својства и свежниот изглед. Според Autotrader, лимузината K5 е сосем дорасната за некои германски спортски лимузини.
Sorento освојуваше бодови со можноста да прерасне од ценовно достапен СУВ, во речиси луксузен модел, со додавање на само неколку опции. Големиот СУВ е ценет и по возните својства, особено во изведбата X-Line. Во споредба со џиновскиот Telluride, Autotrader напоменува дека Kia успеала да го долови духот на популарниот СУВ во помало и потемпераментно пакување.
Autotrader секоја година избира по 12 нови модели, со цел да се излезе во пресрет на интересите на широк круг купувачи. Не се оценуваат само цената и противредноста, туку и технологијата што се нуди и задоволството при динамично возење. За да победи и да се пласира меѓу 12-те најдобри новитети, секој модел мора да постигне оцена 4,0 и повисока, според петте категории на оценување од страна на експертите на берзата.