за

Тјунирана Škoda Scala со 190 КС во серија од 500 примероци

ABT Sportsline, специјалист за тјунинг на возила од концернот Volkswagen, изработи серија од Škoda Scala, со 1,5-литарски TSI засилен на 190 КС, со спортско подвозје и комплет спојлери.

Škoda Scala е како неоткриен скапоцен камен во понудата на чешката марка, кога се работи за нејзините спортски квалитети. Класичниот компакт е позициониран внимателно под Golf и поради тоа е оставена „резерва“ во повеќе подрачја. Тјунерот Abt Sportsline вешто ги препознава таквите потенцијали и изведува од нив нешто посебно. На пример, Skoda Scala Edition S, со 190 КС и со сите третмани што во куќата обично ги добиваат GTI или RS.

Тјунерската фирма Abt Sportsline во соработка со германскиот увозник за Škoda разви нагласено спортска изведба од Scala, којашто ќе се продава само на германскиот пазар и според првичните планови ќе се изработи во само 500 примероци.

Основата на тјунингот го сочинува зголемувањето на моќноста на 1,5 TSI на 190 КС, како и на вртежниот момент на 290 Nm. Со спортско подвозје и со сооднос од 7,1 килограми на секоја КС, Scala ветува посебно динамично возење. Scala Edition S стартува со продажба од следната недела, по цена од 33.790 евра кај германските дилери.

Аеро-пакетот го сочинуваат преден и кровен спојлер, како и дифузор назад. Амбициозниот настап го заокружуваат тркала од 18 инчи со дизајн ER-C18, заедно со спортски гуми. Бидејќи како основа служи Scala Monte Carlo, рамката на маската, страничните прагови и капите на ретровизорите се изведени во црна боја. Задните стакла се затемнети, сите светла користат диодна техника. За бојата на каросеријата може да се избира меѓу сива, црна со бисерен ефект и црвена металик.

https://photos.app.goo.gl/pXfMnuGANEQoLAoY6

Белег во внатрешноста ставаат црните платнени спортски седишта и спортскиот волан со кожена облога, заедно со педали со челични плочки и украсни делови со изглед на карбон. Инфо-забавниот систем Bolero е стандард.

Турбо-бензинецот 1.5 TSI е засилен на 190 КС, што е 40 КС повеќе од стандардниот модел. Менувачот е 6-степен мануелен. За вистинско уживање во зголемената динамика, каросеријата е спуштена за 15 милиметри. За тоа се грижи спортско подвозје со можност за избор на профили за возење.

https://photos.app.goo.gl/9SL1ffEeGBgL9wYv5

Порше ги објави македонските цени за Škoda Octavia RS

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шефот на концернот Volkswagen зборува и на кинески

Kia Sorento е „Најдобар новитет за 2021“ според Autotrader