Шефот на концернот Volkswagen зборува и на кинески

Пред крајот на снимката од дваесет секунди се гледа моментот во кој Херберт Дис чувствува големо олеснување и со широка насмевка гледа во камерата, откако без грешка им порача Среќна Нова Година на Кинезите. Не на англиски и не на германски јазик, туку на кинески.

Пораката што првиот човек на концернот Volkswagen ја испрати преку својот профил на твитер, во Кина сепак никој нема да ја види. Платформата Твитер е забранета во земјата. Но, тоа не е проблем за Херберт Дис, затоа што топ-менаџерот го постираше видеото и на веибо, кој е кинески пандан на твитер. Видеото на кинеската платформа дури и ќе биде видливо подолго.

„Во првиот ден од годината на биволот Ви ги испраќам моите најсрдечни поздрави од снежниот Волфсбург“, порачува Дис во кусото видео. Во Кина денес започнува годината на биволот. За да покаже дека се обраќа од Волфсбург, извршниот директор на концернот се потпра на прозорец во висококатницата на VW, од којшто се гледаше матичната фабрика на Volkswagen, целата прекриена со снег. За тие што не разбираат кинески, на видеото оди англиски превод.

„Ви посакувам среќна, здрава и успешна година на биволот“, кажа Дис во кусото обраќање што очигледно било вежбано вредно и со почит. „Убавиот снег во Волфсбург нека ви донесе многу среќа во Кина! Ќе ми претставува големо задоволство наскоро да дојдам во Кина и да имам средба со сите вас!“

Дис претходно ги објавуваше своите видеа на мрежата за кариера LinkedIn, а од 20-ти јануари е активен и на твитер. Менаџерот подолго време е активен на кинеската платформа веибо. Своето прво видео, Дис го објави таму уште пред една година. Тогаш Дис зборуваше на англиски, со кинески титл.

Компаниja во Германија има 50 електрични Volkswagen ID.3 во возниот парк

Претходна објаваНајголемиот извозник на автомобили од САД е … BMW!
Следна објаваТјунирана Škoda Scala со 190 КС во серија од 500 примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here