за

Електричните автомобили ја смалија светската потрошувачка на нафта за 3,3%

Студија докажува дека електричните автомобили ја скусуваат побарувачката за нафта за околу 1,5 милион барели дневно. Тоа се 3,3 проценти од вкупниот волумен.

Светот во моментов има потреба од 43,7 милиони барели сурова нафта секој ден. Тоа одговара на околу 1,74 милијарда литри бензин.

Аналитичарите на Блумберг изработија студија за влијанието што електричните автомобили го имаат врз смалувањето на потрошувачката на нафта во светски рамки. На крајот на минатата година, заштедата во потрошувачката на нафта што ја постигнуваат електричните возила изнесувала 1,5 милион барели дневно. Еден барел одговара на 159 литри. Тоа значи дека заштедата е зголемена двојно во споредба со 2015 година. Тогаш, заштедата изнесувала околу 725.000 барели дневно. Генерално, погонот на струја доведе до намалување на побарувачката за нафта во патниот сообраќај за околу 3,3 проценти.

Освен батериските електрични автомобили, во заштедата помагаат и хибридните возила, возилата со погон на водород, електричните или електрифицираните автобуси, исто како и скутерите и мотоциклите на струја. Сите овие видови возила се вклучени во обемната студија на реномираниот Блумберг.

Мотоциклите и скутерите всушност придонесуваат најмногу за намалувањето на потрошувачката на нафта. „Двотркалците“ на струја се посебно популарни во азиските земји. Електричните скутери и мотоцикли учествуваат во намалувањето на светската потрошувачка на нафта со 67 проценти. На второ место се електричните автобуси, коишто учествуваат со 16 проценти. Третото место му припаѓа на сегментот што воедно бележи и најголем напредок, на сегментот на патничките автомобили. Нивниот удел во заштедата изнесува 13 проценти.

Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Намалувањето на светската потрошувачка на нафта во следните години ќе продолжи да напредува со уште посилно темпо. Блумберг предвидува дека до 2030 година ќе се постигне заштеда од седум милиони барели. Пет години подоцна, светот секој ден ќе троши по 16 милиони барели сурова нафта помалку.

Овие предвидувања се потврдуваат и со динамиката на продажба на електрични автомобили. Од 2012 година, бројот на електрични возила во светот е зголемен петнаесетпати. Во 2020 година, во светот веќе имало регистрирано единаесет милиони електрични автомобили. Потенцијалот за намалување на потрошувачката на нафта преку електричните автомобили е енормен. Во моментов, 98,8 проценти од сите автомобили во светот користат обичен бензински или дизел мотор. Само 1,2 процент електрични автомобили и приклучни хибридни автомобили моментно заштедуваат 195.000 барели сурова нафта дневно.

Сите електрични автомобили што се во понудата на увозниците на автомобилските марки во Македонија можете да ги погледнете во нашиот онлајн-каталог Avtosalon.mk , со сите моделски изведби, цени, технички податоци и сериска опрема, вклучувајќи можност за споредба на повеќе модели. https://avtosalon.mk/inventory/?motor_vid=elektro_motor

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ексклузивен модел за 20-годишнината на Volkswagen Touareg

Десетте електрични Peugeot и Opel се досега најгласниот будилник за електромобилноста