Ексклузивен модел за 20-годишнината на Volkswagen Touareg

Volkswagen одбележува 20 години на Touareg со специјалната изведба „EDITION 20“, што од средината на јуни ќе ја дополни понудата на премиум-СУВ моделот.

Од неговото претставување во 2002 година, теренецот од виша класа на Volkswagen се докажа како мошне успешен модел. До денес се продадени повеќе од еден милион примероци од Touareg, моделот што отсекогаш се издвојувал како технолошки предводник на марката. Нарачките стартуваа, цената во Германија за моделската изведба со V6 TDI со 231 КС изнесува 77.530 евра.

Специјалниот модел стандардно располага со дисплеј од 15 инчи за инфо-забавниот систем, прочуениот Innovision Cockpit. На списокот на дополнителна опрема секако не отсуствува полу-автопилотот Travel Assist, исто како и пневматската суспензија, за врвен комфор заедно со врвна динамика.

Главното обележје на Edition 20 е новата боја Meloe Blue, заедно со тркалата од 20 инчи со дизајн Bogota, полирани до висок сјај, што се достапни само за славеничкиот модел. Страничните стакла и задното стакло се затемнети, задните диодни светла исто така се затемнети. На средишните столбови е прикажен амблем Edition 20. Познавачите ќе забележат и дека арките на крилата и дифузорот се лакирани во сјајна црна боја.

https://photos.app.goo.gl/JzmwLCvR8GKzBhjcA

Кожените седишта во црна боја, со штепови во беж боја се стандард, заедно со осветлени плочки на праговите со натпис Edition 20. Спортски дух внесуваат црвените штепови на арматурната табла, на воланот и на вратите. Натписот на моделот ја облагородува и кожената рачка на менувачот.

Четири мотори стојат на располагање за Volkswagen Touareg „EDITION 20“, сите во комбинација со 8-степен автоматик и погон на сите тркала:

170 kW (231 КС) 3.0 V6 TDI со вртежен момент од 500 Nm

210 kW (286 КС) 3.0 V6 TDI со вртежен момент од 600 Nm

250 kW (340 КС) 3.0 V6 TSI со вртежен момент од 450 Nm

Приклучен хибрид V6 TSI со системска моќност од 280 kW (381 КС) и вртежен момент од 600 Nm

https://twitter.com/VWGroup/status/1528701402595352576?s=20&t=Gh5yDLoK8tbto5VjQODxMg

https://photos.app.goo.gl/UHMjAExzNFLSELjFA

https://photos.app.goo.gl/TQfDAuWjYFEn5jz99

https://photos.app.goo.gl/vjzzjtv8P3qVVm35A

https://photos.app.goo.gl/cpgQVsxCeKuFDkaw8

Сите модели на Volkswagen што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=volkswagen

Претходна објаваРаботниците од Крагуевац привремено во странство, подготовки за електричниот Fiat
Следна објаваЕлектричните автомобили ја смалија светската потрошувачка на нафта за 3,3%

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here