за

Работниците од Крагуевац привремено во странство, подготовки за електричниот Fiat

Концернот Stellantis понуди српските работници во период од две години да се префрлат во останатите фабрики на концернот. Во 2024 година почнува производство на електрични автомобили.

Долготрајната моделска серија на Фиат, Панда, сосем е извесно дека ќе добие наследничка што ќе се нуди и во целосно електрична изведба. На сликата: Фиат Чентовенти Концепт

Повеќе од 100 работници ја прифатиле понудата на концернот Stellantis, во следните две години да бидат прераспределени во другите фабрики во мрежата на концернот, објави српски Телеграф.

Како што пишува српскиот информативен портал Telegraf.rs, концернот Stellantis веќе започнува со спроведување на стратешкиот план „Dare Forward 2030“ во Србија. Јовица Јовановиќ е именуван за индустриски директор во Србија и тој ќе биде задолжен за производстените локации на Stellantis во Крагуевац. Јовановиќ се враќа на чело на фабриката, откако беше активен на меѓународен план, прво како глобален директор за процесен инженеринг, а потоа и регионален директор за Европа во компанијата Preseraj.

Stellantis во следните две години ќе работи на поставување на производството на новата платформа за електрични возила, за сериското производство на новата генерација градски автомобили на Fiat, со 100% погон на струја, да стартува во средината на 2024 година. Србија ќе има клучна улога во остварувањето на плановите на концернот, под марката Fiat по 2030 година да се произведуваат единствено возила со погон на струја.

Електричниот модел, чиешто име уште не се открива, ќе се произведува во Србија на местото на семејниот ван Fiat 500L. Крагуевската фабрика ќе биде поставена да одговори и во случај на потреба да се произведува дополнително уште еден модел со електричен погон.

Концернот веќе ја започна подготовката за поставување на новата производствена линија. Таа главно вклучува приспособлив и буден индустриски екосистем, односно преквалификација на српските работници. За транзицијата да се одвива беспрекорно, се грижат сите учеснички во проектот, вклучувајќи ја и Владата на Република Србија, социјалните партнери, добавувачите и вработените.

Фото: Telegraf.rs

Во рамките на трансформацијата, вработнените во следните две години ќе бидат прераспределени во останатите фабрики на Stellantis во Европа, каде што веќе е завршено преоѓањето кон производство на електрични автомобили. За вработените што нема да прифатат прераспределба, предвиден е план за напуштање на компанијата.

Како што наведува Telegraf.rs, цитирајќи извор од компанијата, „за само една семица, 25% од повиканите вработени покажало интерес за работа во странство и повеќе од 100 колеги веќе прифатиле да работат во остантите фабрики на Stellantis во Европа. Голем е бројот на работници за коишто ќе се обезбеди работа во странство. Посебни разговори со вработените се во тек.

Извор: Telegraf.rs

Србија ќе произведува електрични автомобили на Fiat

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Товарен е-велосипед носи 180 kg и хит е во Германија

Ексклузивен модел за 20-годишнината на Volkswagen Touareg