Peugeot се враќа на релито Дакар по 25 години

Французите се враќаат на најдолгото и најтешкото рели во светот по 25 години од нивното последно учество. За камбекот, Peugeot Sport ги ангажираше рели ѕвездите Карлос Саинц и Сирил Деспре.

Во минатиот јуни, Peugeot Sport докажа дека не ја изгубил смислата за трки откако постави нов рекорд од 8 минути и 13,878 секунди на легендарниот Пајкс Пик. Но, тоа беше само почеток – на продолжението на периодот од 1987 до 1990 година, кога Peugeot беше неприкосновен на релито Дакар, прво со 205 T16 Grand Raid, а потоа и со 405 T16 Grand Raid.

Во меѓувреме, релито Дакар ги замени дините на северозападот на Африка со беспаќата во Латинска Америка. Токму на овој терен тимот Peugeot Total ќе им се препушти на новите предизвици со новиот тркач 2008 DKR, по четвртина век од нивното последно учество на Дакар. Возачкиот тим ќе биде составен од Карлос Саинц, победникот на Дакар од 2010 година, и Сирил Деспре, кој реши неговата кариера да ја продолжи на четири тркала во тимот на Peugeot. Повеќе информации за тркачкиот автомобил за Дакар следуваат на салонот во Пекинг, на 20-ти април.

peugeot SilhouetteHD

Претходна објаваТрицилиндарци во идната генерација на серијата 5 на BMW
Следна објава1,25 милион долари за најбрзиот автомобил на светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here