Peugeot повторно бележи пораст во продажбата

Според соопштението од увозникот Еуроимпекс, Peugeot забележа впечатлив пораст во продажбата на возилата од марката на глобално ниво. Најголем удел во порастот имаат земјите во ЕУ и Кина.

Од увозникот на возилата од марката Peugeot за Македонија и Србија, фирмата Еуроимпекс од Скопје, пристигна соопштението коешто го потврдува тоа што можеше да се насети уште откако новата генерација на моделот 308 ја освои титулата на европски автомобил на годината за 2014 година. Како што пишува во соопштението, порастот се должи на „воведувањето на нов современ дизајн, ефикасни, економични и еколошки мотори, имплементација на технолошки иновации и фокусирањето кон ергономијата и безбедноста во своите возила.“

Сумираните резултати од европскиот и другите пазари во првите шест месеци од 2014 година прикажуваат пораст на продажбата на Peugeot од значителни 5,7%. Компарирано со 2013 година, најголем удел во порастот во европските земји се забележува во Британија, Германија, Франција, Шпанија и Италија. Порастот на продажбата во Европа изнесува 13,5%, додека во Кина продажбата на Peugeot достигна плус од фасцинантни 32,4%. На домашниот пазар Peugeot учествува со 16,8%, а рекордните позиции во продажбата во Франција ги држат моделите 308, 3008 и 508. Цврстите пазарни позиции, брендот ги постигнува како преку гамата на патнички, така и преку гамата на комерцијални возила.

Европскиот „Автомобил на годината“ Peugeot 308, кој беше лансиран во септември 2013 година, веќе регистрираше продажба од 100.000 единици, со што ја потврди лидерската позиција на пазарот во C сегментот. Гамата на комерцијални возила Bipper, Partner, Expert и Boxer исто така бележи раст, како на европскиот така и на другите пазари.

Претходна објаваOpel со портал за сопственици на возила од марката во Македонија
Следна објаваХибридите со најголема разлика меѓу фабричката и реалната потрошувачка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here