за ,

Opel со портал за сопственици на возила од марката во Македонија

Opel стартуваше со постпродажната програма АВС којашто има за цел во официјалната поспродажна мрежа да се задржат колку е можно повеќе сопственици на возила од марката.

Opel во Македонија ја започна постпродажната програма АВС за собирање, менаџирање, привлекување и задржување на што е можно поголем број на потенцијални клиенти на неговата постпродажна мрежа. Проектот има за цел да се потенцира ведноста на секој клиент во текот на целиот експлоатационен век на возилото, а не само во моментот на продажбата. Германската марка досега има реализирано поголем обем на активности во поглед на постпродажбата во Македонија: Service 4+ како сервисна програма за возила постари од 4 години со мошне поволни цени, потоа продолжена гаранција и помош на пат, како и продолжување на сервисниот интервал на 30.000 километри. Програмата ABC сепак е најголемиот постпродажен проект што Opel го стартувал досега.

Составен дел од програмата претставува и порталот myOpel.mk којшто ги прикажува сите предности на оригиналниот сервис на Opel на интернет. Целта е да се олесни закажувањето на сервисирањето на возилото, како за клиентот, така и за дилерот на Opel. Меѓу останатите услуги на порталот MyOpel се локатор на најблизок дилер, регистрација на податоците на возилото и на неговата сервисна историја, потсетник за сервисирање, билтен со вести и акциски понуди од Opel, индивидуални понуди за секој клиент, како и атрактивни попусти за дополнителна опрема и сервисирање.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla работи на градски автомобил со погон на струја

Peugeot повторно бележи пораст во продажбата