за

Peugeot доаѓа со престижно купе на салонот во Пекинг

Француската марка има причини за премиерата на новиот концептен автомобил да ја одржи во Кина. Продажбата таму порасна за 26 проценти и ќе продолжи да расте.

Марката со лавот ќе има премиера на концептен автомобил на салонот во Пекинг што се одржува од 20-ти до 29-ти април. Концептот ги користи дизајнерските елементи од претходно покажаниот Onyx и ја најавува насоката во која што ќе продолжи да созрева дизајнот на марката. Купето со простор за четири патници е долго 4,73 метри и високо 1,31 метар. Овие пропорции прават сулиетата што се наѕира под завесата на првата фотографија од концептот да изгледа уште подинамично. Детали околу техниката на возилото уште не се соопштуваат.

Нов продажен рекорд во Кина

Во минатата година Peugeot постигна одлични резултати во продажбата на кинескиот пазар, со 272.000 продадени возила, што е зголемување од 25,8 проценти. Никогаш досега француската марка не продала повеќе возила на пазарот што за кусо време ќе стане најголем пазар за автомобили во светот.

1337845228_301_1205CGI003

Најголема заслуга за одличната продажба има компактната лимузина 301, чија пазарна премиера во Кина беше во минатиот ноември. Оттогаш се продадени 67.000 примероци од моделот во светот. За тековната година се очекува продажбата на моделот да достигне 130.000 примероци, од кои половината ќе ги апсорбира кинескиот пазар. Во април претстои и старт на продажбата на кросоверот 2008, кој се произведува и локално, во фабриката на Peugeot во Вухан.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Volkswagen Polo во ново издание за салонот во Женева

Американската Honda извезува повеќе отколку што увезува