за

Патувањата биле најсреќни моменти за Американците летово

Летово на друштвените мрежи се главни групите во кои се споделуваат слики и доживувања од посети на места низ Македонија што се непознати за многумина. Не сме единствени. Анкета во САД потврдува дека летните патувања со автомобил биле меѓу најсреќните доживувања за Американците.

Chevrolet-Suburban анкета патувања Америка

Голем број Американци летово првпат ги посетиле светски прочуените национални паркови и кампови. Анкета што ја спроведе Chevrolet го потврдува подемот на патувањата со автомобил низ земјата. Четири од пет Американци оцениле дека патувањата им помогнале да го поправат расположението во услови на пандемијата.

Во пресрет на американскиот Ден на трудот, кога обично се најмасовни патувањата за викенд, Chevrolet спроведе истражување за тоа каде Американците патувале во претходните шест месеци и какви искуства стекнале. Уште еден повод за анкетата е пристигањето на новите моделски годишта на Chevrolet Tahoe и Suburban, за кои е сосем јасно дека се совршени за долгите семејни патувања.

Возилата се претвориле во спасоносен излез од домот за голем број Американци, за посети на дестинации во природа, како плажи или планинарски патеки. Три четвртини од анкетираните лица ги ценат патувањата со автомобил повеќе отколку пред пандемијата. Дури 80 проценти од луѓето што патувале често, изјавиле дека тоа биле „едни од најсреќните моменти“ од март наваму.

Истражувањето открива дека на 89 проценти од Американците, автомобилот им овозможил безбедно да заминат подалеку од домот и да внесат промени во секојдневната едноличност поради пандемијата.

Главните заклучоци на студијата:

  • 20% првпат ги посетиле националните паркови
  • Повеќе од 1 од секој десет Американци кампување првпат
  • 41% патувале на места што не ги знаеле претходно
  • Меѓу главните активности биле посетата на плажи (41%), планинарењето (31%), рибарењето (29%) и посетата на национални паркови (27%).

Откако истражиле нови предели, четири од десет патници изјавиле дека повеќе ги ценат активностите во природа (43%) и домашните патувања (38%). Дури 56% го ценат автомобилот како „дел од семејството“.

Во делот од анкетата што се однесува на возилата, 53% од Американците сметаат дека поголем багажник би придонел нивното искуство да биде уште подобро. Просторот со соборени задни седишта во Tahoe е со зафатнина од 3.480 литри (!), додека во Suburban има на располагање близу 4.100 литри. Тоа е двојно повеќе од европско комби од средна класа.

Претстојат уште бројни патувања: 41 проценти од патувањата до крајот на годинава се планираат за Денот на благодарноста или за време на зимските празници.

https://www.instagram.com/p/CB56UelHyIq/

>>> Како Suzuki Vitara ја укина индустријализацијата на секојдневието

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Jimny на струја според дизајнерска замисла

Suzuki Jimny на струја според дизајнерска замисла

Mercedes S-Class Најважните бројки и факти

Mercedes S-Class: Најважните бројки и факти за W 223