Најмалечкиот модел на Opel освои четири ѕвезди на краш-тестот на Euro NCAP. Но, забелешките на техничарите покажуваат дека не е сé толку сјајно во мачечкиот автомобил. Дали можеби оздола се крие стариот Spark?
Евеопскиот конзорциум за безбедност на новите автомобили Euro NCAP изврши проверка на безбедноста на најмалечкиот модел на Opel. Четирите освоени ѕвезди на краш-тестот може да изгледаат како задоволителен резултат, но забелешките што техничарите на конзорциумот ги дадоа за безбедносните својства на Karl сепак откриваат дека малечкиот автомобил има сериозни проблеми во заштитата на своите патници.
Експертите за безбедност критикуваат дека притисокот во воздушната перница е пренизок и безбедносниот ремен недоволно го задржуваат телото. Поради тоа, возачот не е безбедно припиен за седиштето во случај на судур. При фронтален судир се можни повреди на главата и во делот на колената и бутовите. Покрај тоа, седиштето и ременот не спречуваат телото да се спровне под нив, односно не го спречуваат таканаречениот „submarining“. При судир, телото на возачот потонува длабоко во седиштето и лизга под ременот. На видеото може да се види како главата на возачот удира силно во средишниот столб по судирот, што според техничарите на Euro NCAP ќе предизвика сериозна повреда на главата.
Резултатите за страничниот удар во столб се уште позастрашувачки. Градниот кош на возачот и совозачот е недоволно заштитен, и според експертите, постои опасност од тешки повреди. Конзорциумот го советува Opel итно да преземе модификации во ова подрачје.
Причината за релативно високиот број на ѕвезди на краш-тестот лежи во останатите подрачја на безбедноста. Во поглед на заштитата на децата, Opel Karl освои 72 бодови, односно само три бодови помалку од минимумот за освојување пет ѕвезди. Експертите дадоа максимална оцена за заштитата на деца на возраст до една и пол година, односно задоволнителна оцена за заштита на деца до три и пол години. Karl освои пет бодови и за заштитата на пешаците, додека поради отсуството на систем за самостојно запирање при опасност од судир, системите за асистенција добија четири ѕвездички.
















