за

Новата Opel Astra ќе вози со техника од Peugeot

Исто како што актуелната Opel Corsa во целост ја користи техниката од Peugeot 208, така и следната генерација на Opel Astra ќе биде копија на француските модели, единствено ќе има разлика во дизајнот на каросеријата.

Постепено привршува кариерата на актуелната генерација на Opel Astra, време е за теренот да се подготвува за пристигањето на новиот модел. Како марка што е дел од францускиот концерн PSA и по ново е корисник на техниката од Peugeot и Citroen, Opel во идната генерација на Astra ќе ја вградува техниката од Peugeot 308.

Дизајнот ќе се смени знаително во споредба со актуелниот модел. Хаубата повеќе нема да биде толку ниска, туку ќе биде помасивна и повисока, а покривот ќе завршува со поостар раб, со цел на компактот да му се даде повеќе спортски изглед. Новиот стил на Astra ќе помогне моделот да има повпечатлива појава и да се разликува во уличната слика.

Маската исто така ќе добие карактеристична форма и ќе биде подолга и повисока. Светлата со сменета форма во горниот дел преоѓаат во маската. Браникот ќе добие поспортски изглед, со големи и исправени отвори за воздух отстрана.

Премиерата на новата Opel Astra може да се очекува на салонот ИАА, наесен в година. По 70 години, големиот германски автосалон повеќе нема да се одржува во Франкфурт, туку во Минхен. Продажбата би требало да стартува веднаш по салонската премиера. По пример на Corsa, цената на следната генерација на Astra исто така ќе биде повисока во споредба со претходничката.

Bitter CD: Најдобриот „Opel“ на сите времиња

Bitter CD (Фото www.autoclassics.com)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Puma_Titanium_X

Кои се конкурентите на Ford Puma?

Land Rover Defender Spectre

Џејмс-бондовски Land Rover оди на онлајн-наддавање