за

Четири од пет нови возила во Норвешка во септември имаат приклучок за струја

Светскиот шампион во електричниот погон, Норвешка, во септември постигна удел од 81,6% на возилата со елеткричен погон, вклучувајќи ги приклучните хибриди.

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Од вкупниот број продадени возила во скандинавската земја во минатиот месец, дури 62% возила користат само погон на струја. Најпродаван модел е VW ID.3, тоа е одличен доказ за германскиот концерн дека „електричниот голф“ ќе наиде на добар прием на пазарот. Секако, Норвежаните можат да си дозволат Tesla Model 3 и Polestar 2 исто така да бидат меѓу најпродаваните.

Најпродаваниот вид на погон на норвешкиот пазар на автомобили е чисто погонот на батерија. Уделот на овие „батериски“ автомобили достигнал шампионски 62%, додека приклучните хибриди учествуваат со 20 проценти. Само еден од секој десет продадени автомобили во земјата во септември користи единствено бензински или дизел мотор.

Вкупно од почетокот на годинава, електричните возила и приклучните хибриди учествувале со 70,8 проценти во продажбата. Во обновениот возен парк, батериските возила имаат удел од 50,5%, на приклучните хибриди им припаѓаат 20,3 проценти. Лани уделот на овие два видови погон на норвешкиот пазар изнесуваше 56 проценти.

Најпродаван модел во септември е Volkswagen ID.3, веднаш по него следат Tesla Model 3 и Polestar 2. Во минатиот месец се продале 1.989 примероци од германскиот компакт од кого што не постои варијанта со друг погон. Престижните модели на струја котираат високо, затоа што веднаш по англискиот MG ZS следи Audi e-tron.

Во статистиката од почетокот на годинава води Audi e-tron, како најпродаван автомобил на батерија, пред VW e-Golf, Hyundai Kona, Nissan LEAF и Tesla Model 3. На шестото место е VW ID.3, што е повеќе од солиден резултат, имајќи предвид дека штотуку стартуваше продажбата на моделот.

>>> Volkswagen почна со резервации за електричниот ID.4

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GLE со најдобар автопилот според Euro NCAP

Mercedes GLE со најдобар автопилот според Euro NCAP

Mitsubishi L200 со титула на пикап на годината во Русија