Mercedes GLE со најдобар автопилот според Euro NCAP

Mercedes GLE со најдобар автопилот според Euro NCAP

Пакетот системи за асистенција што се вградува во Mercedes GLE победи со 174 бодови, што е 87% од максималниот број бодови, во конкуренција со девет модели од различни класи. Системот за полуавтоматско возење во марката со ѕвездата победи на тестот на системи за асистенција на Euro NCAP и против споредливите системи во други два модели од премиум сегментот.

Во Mercedes GLE се вградува пакет системи за асистенција што располагаат со повеќе функции, кои овозможуваат полуавтоматско возење и во секојдневието можат вистински да го растоварат возачот во бројни ситуации. Најмодерни системи предупредуваат при опасност од судир, но се способни и сами да преземат итно запирање, доколку судир е неизбежен.

Конзорциумот Euro NCAP посебно нагласува дека притоа станува збор за системи што соработуваат и му помагаат на возачот, место да му ја одземаат контролата. Активниот асистент за управување, на пример, може да помогне при управувањето во свијоци.

При брзина до 130 km/h, системот може да управува самостојно и доколку линиите не се видливи јасно. Автопилотот е посебно корисен при возење во колона или при застој на патот. Возачот во секое време може да ја преземе контролата.

Токму поради овие својства, Mercedes-Benz GLE доби највисоки оцени и прво место во категоријата за „Driver Engagement“. Луксузниот СУВ се пласираше меѓу најдобрите на тестот и во категоријата „Vehicle Assistance und Safety Backup“, во којашто се оценува техничката ефикасност на системите.

>>> Како новиот Mercedes GLE стана „танцувачкиот автомобил“

Mercedes GLE 400 d test

Претходна објаваFord Transit од 5 тони, класичарот во тешка категорија
Следна објаваЧетири од пет нови возила во Норвешка во септември имаат приклучок за струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here