Nissan Juke е камелеон

Каросериските лакови што ја менуваат бојата беа хит во 1990-те години. Nissan се сети на оваа стара идеја и го нуди кросоверот Juke во ограничена серија со камелеонскиот лак.

Пред повеќе децении Nissan понуди специјални ограничени серии од Primera и Micra со каросериски лак што ја менуваше бојата во зависност од аголот на гледање и од амбиенталното осветлување. Овие серии под името Aztec Mysic Green Primera и Micra светот веќе одамна ги заборави, но се чини дека Јапонците сеуште се одушевени од идејата и продолжуваат со камелеонските лакови.

nissan juke kameleon

Овојпат честа да го носи камелеонскиот лак со име Midnight Purple IV ја има кросоверот Juke. Секако дека и оваа серија ќе биде понудена во ограничен број на примероци. Специјалниот лак содржи црвена, портокалова, сина и виолетова боја. Сличен лак со име Midnight Purple III претходно имаше моделот R34 Skyline GT-R.

Камелеонскиот Juke ќе се понуди во серија од 300 примероци. Постои само еден проблем: Сите овие примероци ќе останат на јапонскиот пазар.

Претходна објаваКутар Land Rover – доживеа да го претворат во уметничко дело
Следна објаваРусите купуваат помалку автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here