за

Кутар Land Rover – доживеа да го претворат во уметничко дело

Рефлектори на покрив и ролбар на носот се редовен украс што сопствениците го ставаат на својот Defender. Еден дизајнерски тим реши да ја украси легендата од теренот по свое. Уметност е ова или пародија?

Веќе 65 години Land Rover Defender им се спротивставува на сите трендови во автомобилизмот. Култниот класичар го стекна сегашното име дури во 1990 година, но основната форма остана непроменета уште откако беше произведен првиот примерок во 1948 година. Крајот на 2015 година ќе биде крај и за теренецот. Тогаш престанува производството. Со цел да го одбележат успехот на моделот и неговото 65-годишно опстојување на пазарот, дизајнерите од Studio Jobs решија да го претворат Defender 90 во уметничко дело на тркала.

foto-2

Каросеријата е во бела боја и претставува основа на која што се закачени и прицврстени најразлични предмети од бронза, дрво, керамика, стакло и секаков замислив материјал. Зависноста на уметниците за екстремно китење не се превидува. На хаубата тронува златна новогодишна елка, а покрај неа блескав глобус, од вратите штрчат предимензионирани стоп светла покриени со кристали сваровски, издувната цевка исфрла пламен, а моторот им го покажува јазикот на ненамерниците. Покрај трикатната торта на предното тркало, во создавањето на свечената атмосфера учествуваат и шарените балони на светлата.

На славеничкиот Defender се наоѓаат најразновидни географски белези. На бандажите на пример се гледаат американскиот Капитол и Колосеумот во Рим. Едно од тркалата е заменето со железничко тркало. Се воочуваат и африкански влијанија. Напред се вејат знамињата на Зимбабве и Кондо, а на хаубата е седнат малечок слон.

Land Rover им остави одврзани раце на дизајнерите, под единствен услов возилото да биде подвижно. Роденденскиот Defender навистина е подвижен, тој најчесто ќе се сели од од еден до друг музеј.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Американец притворен поради кражба на струја за неговиот електромобил

Nissan Juke е камелеон