Nissan со нова изведба на електричното комбе e-NV200

Nissan e-NV200 Voltia XL
Nissan e-NV200 Voltia XL

Новата изведба на електричниот ван Nissan e-NV200 располага со речиси двојно поголем товарен капацитет од стандардната изведба. Јапонскиот електро-специјалист досега продаде над 40.000 примероци од доставното возило.

Испораката на онлајн-нарачки на домашниот праг се покажа од голема корист во услови на ограничено движење и зголемена претпазливост поради пандемијата. Новата изведба на електричното комбе Nissan e-NV200, со дополнителна ознака XL Voltia, излегува точно во пресрет на фирмите што нудат таква услуга.

Покрај тоа што погонот на струја носи заштеда во оперативните трошоци, плус им годи и на имиџот на компаниите, со електричното комбе на Nissan е дозволено да се пристапува и во строгите градски центри, како што е случај со Лондон или бројни градови во Италија.

Посебната надградба овозможува добивање товарен простор со зафатнина од 8 метри кубни

Товарниот простор на e-NV200 XL Voltia е зголемен на 8 метри кубни, што е 90 проценти или речиси двојно повеќе од стандардната изведба. Тоа значи дека повеќе и поголеми пратки ќе можат да се достават одеднаш, пред враќањето во магацинот – уште една можност за заштеда на време и пари.

https://photos.app.goo.gl/Y7AEsw32WCAiD1Bj7

Благодарение на повишениот покрив, доставувачот може комотно да стои во товарниот простор, што исто така е важно за ефикасноста на работењето. Друга предност на e-NV е малиот круг на вртење, што прави возилото да биде лесно за маневрирање во град.

Батеријата е со капацитет од 40 kWh, а возилото располага и со Chademo-полнач, кој дозволува користење на брзи полначи со еднонасочна струја. Градското возење е идеално за електричниот погон. Преку „B-mode“, се постигнува поголемо искористување на кинетичката енергија, за полнење на батеријата при секое забавување или запирање.

Nissan e-NV200 е присутен на пазарот уште од 2014 година и досега се има произведено во 42.000 примероци. Само во 2019 година, во Европа се испорачаа близу 10.000 примероци.

Nissan e-NV 200 е најпродавано електрично комбе во Европа

nissan e-nv200

Претходна објаваЕлектричниот Chevrolet Bolt ќе добие и кросовер изведба
Следна објаваСé најубаво за Денот на Мајките – од Mini

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here