Од почетокот на продажбата во февруари 2018 година, досега се нарачани повеќе од 10.000 примероци од електричното доставно возило Nissan e-NV200 со батерија од 40 kWh.
Nissan e-NV200 лани беше најпродавано товарно возило со електричен погон во десет европски држави, меѓу кои Велика Британија, Италија, Норвешка и Холандија. За доставната и патничката изведба се интересираат службите за достава, транспортните компании и приватните фирми за наем на возила. Неодамна беа потпишани договори за испорака на E-NV200 во возните паркови на DHL и Chronopost.
Според новата норма WLTP, електричното комбе со полна батерија минува до 200 километри во комбинирано возење, односно до 300 километри само во град. Батеријата од 40 kWh има компактна градба и не одзема од транспортниот капацитет на возилото. Зафатнината на товарниот простор изнесува 4,2 метри кубни, што е доволно за две европалети. Носивоста изнесува 667 килограми.
Renault во посилен сојуз со Nissan и Mitsubishi по откажувањето на Fiat
Додека овој Nissan вози, возачот може само да гледа пред себе
Nissan нуди доставно возило со „знак“ на Kangoo
Nissan со мини-салон на најпрометно место во Париз
https://www.instagram.com/p/Byxi6jTB_tC/
















