за

Mitsubishi постигна зголемување на продажбата за 13 проценти

mitsubishi l200 esports concept

Одлични резултати во ланската фискална година за Mitsubishi. Покрај нам познатите модели Outlander и Eclipse Cross, за големиот раст во продажбата на јапонската марка придонесува и ванот Xpander, кој се продава на азискиот пазар.

Mitsubishi во минатата фискална година продал 1.244.000 возила на светскиот пазар, што претставува зголемување од 13 проценти. Најмногу се издвојува ванот Xpander со вкупно 318.000 продажби само во регионот на југоисточна Азија. Во земјите од овој регион, вклучувајќи ги Филипините, Тајланд и Виетнам, ванот постигнал раст од 17 проценти.

Главната тројка на јапонскиот пазар ја сочинуваат Mitsubishi Eclipse Cross, Outlander PHEV и Delica D:5, кои заедно постигнале раст од 7% и вкупно 105.000 продадени примероци. Од крајот на минатата фискална година (јапонските компании ја водат до 31-ви април), Mitsubishi стартуваше со новата генерација на своите модели од кеи-категоријата, eK Wagon и eK Cross. Овие возила имаат ограничени димензии на каросеријата и ограничена работна зафатнина на моторот, но затоа имаат бројни повластувања и се особено популарни во Јапонија. Продажбите се одвивале според плановите и на стратешки важните пазари, како Северна Америка и Кина.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За претстојната фискална година, Mitsubishi очекува продажбата да се зголеми за 5 проценти и да достигне вкупно 1.305.000 возила. Овој раст во најголем раст ќе се должи на моделите Xpander, плагин хибридот Outlander PHEV и кросоверот Eclipse Cross.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini salon svajcarija cirih

Lamborghini го отвори и петтиот салон во Швајцарија

Porsche Македонија Галичник

Со Porsche до Галичник: Знаат ли овие автомобили за ограничувања?