Британците имаат нов пакет опрема за топ-моделот Mini John Cooper Works. Станува збор за ставки што досега беа ексклузивни за верзијата GP, а сега може да се нарачаат и за „стандардниот“ JCW.
Кај Mini има ред. Најмоќната изведба на моделите на Mini го носи името John Cooper Works. Повремено се пуштаат ексклузивни серии во ограничен број примероци, како што беше со Mini John Cooper Works GP. Овој модел беше изработен во серија од само 3.000 примероци и создаден беше со идејата да се искористи до крај погонската техника и подвозјето на Mini. Од следниот месец, Mini нуди можност за Mini John Cooper Works да се нарача пакетот John Cooper Works GP, со дизајнерски детали од и опрема од „GP“.
Сите ставки во пакетот се конструирани со богати искуства од мотоспортот и во голем дел ги следат принципите при развојот на самиот Mini John Cooper Works GP. Истото важи и за бојата на каросеријата, поточно за комбинациите од бои. Посебно за GP беше дизајнирана сива боја, во комбинација со сребрена боја за покривот, за задниот спојлер и за капите на ретровизорите. Заштитни знаци на ексклузивниот модел беше и црниот отвор на хаубата, рачките на вратите и чепот на резервоарот во истата боја. Оваа комбинација сега може да се избере и за John Cooper Works.
Бандажите од 18 инчи го носат натписот GP. Има уште бројни „тајни“ детали, како што милуваат сопственичките и сопствениците на Mini. Предните и задните светла имаат темна основа и црна рамка, има и црно лого Mini на хаубата и на задниот капак. Веќе се подразбира дека во пакетот се вклучени и плочки на праговите – со натпис GP.
Додека Mini John Cooper Works GP е создаден за тркачка патека и има само две седишта, кај пакетот во негова чест го нема тоа ограничување. Двете букви што им значат на љубителите на автомобилизмот и трките се наоѓаат и на патосниците, кои дополнително имаат и црвени рабови.
Посебен е дизајнот на воланот, кој е обложен со мека напа-кожа, со црвени штепови и метална ознака за „12 часот“ што е изработена со 3D-печат.
Вообичаено за Mini, на располагање стојат уште низа посебни ставки, како каросериски додатоци што се изработени од карбон, рачка на менувачот во спортски стил или рачка на паркирната сопирачка во изведба од карбон и со мев од алкантара.
Mini John Cooper Works GP е вистински големец на тркачката патека
