за

Германија ќе го зголемува данокот на автомобили од 2021

цени на автомобили со нов закон за данок за возило
цени на автомобили со нов закон за данок за возило

Германското министерство за финансии планира од јануари 2021 година да го зголеми данокот на возила, којшто се наплатува годишно и се пресметува според зафатнината на моторот и емисијата на СО2. Властите очекуваат мерката инстантно да ја поттикне продажбата, затоа што возачите имаат корист купувањето на возилото да го направат годинава. Но, најмногу користат електричните.

За новорегистрираните автомобили во Германија, од 1-ви јануари 2021 година, исто како и досега ќе се плаќаат по 9,50 евра за секои 100 сантиметри кубни работна зафатнина на моторот. На тоа следи зголемување на додатокот, којшто се пресметува според емисијата на СО2, за секој грам од овој гас што возилото го испушта на извозен километар. Данокот за возила што германските возачки и возачи го плаќаат секоја година, се состои од овие две компоненти. Тој во иднина ќе се зголеми, затоа што поскапува давачката за СО2. Тоа е предлогот што германското министерство за екомонија го доставило до властите во земјата.

Новиот данок ќе се пресметува само за возилата што првпат се регистрираат во Германија по 1-ви јануари 2021 година. Мерката претставува дел од пакетот за заживување на економијата, но и мерка со којашто се постсавуваат построги стандарди за заштита на животната средина.

Тоа значи дека возачките и возачите што ќе купат нов автомобил до 31-ви јануари годинава, ќе платат понизок данок во споредба со давачките што ќе важат од првиот дел во следната година. Познатиот магазин Билд ги пресмета разликите во износот на данокот за повеќе модели. Како пример, за VW Golf 1.5 eTSI ќе се плаќаат 161,50 евра, место сегашните 148 евра. Но, разликата е многу поголема кај моделите со посилни мотори, на пример, за Porsche Macan GTS, данокот ќе се зголеми од 428 евра на 658 евра годишно.

На годишно ниво може и да се поднесе разликата, но тоа е данок што ќе се плаќа за секоја година колку што возилото останува во сообраќај

Станува збор да годишен данок, што значи дека купувачот на GTS во следните пет години ќе плати вкупно 1.150 евра повеќе данок, доколку го купи автомобилот по 31-ви декември. За десет години, сумата е 2.300 евра, а тоа е веќе солидна разлика.

Тоа е суптилна мерка на германските власти со којашто всушност се поттикнува купувањето електрични возила, кои се ослободени од данокот. Законот е поднесен само како предлог и се очекува дека ќе претрпи уште многу измени додека се изгласа неговото донесување во сила.

Од еко-компонентата во германскиот данок се ослободени возилата што имаат емисија на СО2 до 95 грами на километар. Над тоа се плаќа сума од 2,00 евра за секој грам СО2. Сепак е мошне мал бројот на автомобили што го исполнуваат овој услов, освен неколку хибриди на Toyota, некои мали дизели и повеќето плагин-хибриди. Наспроти тоа, електричните автомобили се ослободени и од главната даночна компонента.

Во Германија од следната година ќе се плаќа и СО2-данок за секој наточен литар гориво

Германските возачи на автомобили со бензински и дизел мотор, од следната година ќе имаат уште еден екстра трошок, а тоа е таканаречената СО2-цена. Фосилните горива ќе бидат оптоварени со оваа давачка, што соодветно ќе доведе до поскапување на бензинот и дизелот.

Во исто време, германските власти ќе ја смалат цената на електричната енергија, којашто моментно е највисока во Европа, со 30 евроценти за киловатчас. Тоа е уште еден поттик за преоѓање на електричен погон. Идејата на сојузните власти е преку зголемување на давачките за возила со бензински и дизел мотор да се субвенционира електромобилноста.

Дел од нашите објави за новиот данок за возила што стапи на сила кај нас од 1-ви јануари:

>>> Користените автомобили поскапуваат меѓу 250 и 1.500 евра со новиот данок

>>> Симулација на цени со новиот данок за возила

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стилот на Mini GP достапен за John Cooper Works

Со трки во гените: Стилот на Mini GP достапен за John Cooper Works

Volkswagen го потпиша договорот за соработка со Ford

Volkswagen го потпиша договорот за соработка со Ford