Новата Година нé пречека со нов данок за возила, во замена за претходниот систем со акцизи. Целта е со воведувањето на еколошка давачка да се демотивира увозот на стари автомобили со слаб квалитет на издувни гасови. Браншата деновиве масовно ги пресметува новите цени. Според нашата симулација на цени, поскапуваат сите користени автомобили, зависно од ценовната, но уште повеќе од еколошката категорија.
Македонските возачки и возачи добија нови цени за користени и нови автомобили со влезот во новата година, и повеќе симболично, со влезот во новата декада. Место претходниот систем со 13 различни стапки на акциза, зависно од вредноста на автомобилот, новиот данок се состои од две компоненти. Повторно има дел што зависи од цената, меѓутоа има и втор дел што се поврзува со емисијата на СО2 во хомологациските документи на автомобилот, зависно и од тоа дали станува збор за бензински или дизел мотор.
Пример, за автомобил со царинска вредност, односно со продажна вредност од 5.000 евра – без ДДВ – порано се наплатуваше акциза во висина од 1 процент. Акцизата за возила во ценовната категорија меѓу 4.000 и пет илјади евра изнесуваше 50 евра. Друг пример: За возила во ценовната категорија меѓу 8.501 и 12.000 евра важеше акцизна стапка од 3 проценти. Соодветно на тоа, вредноста на акцизата се движеше од 255 до 360 евра, итн.
За автомобили со вредност до 10.000 евра пред царинење не се наплаќа данок на вредноста на возилото, но затоа независно се наплаќа „еколошки“ данок, зависно од емисијата на СО2
Со новиот данок за возила, доколку неоцаринетата вредност на автомобилот изнесува до 10.000 евра, во тој случај не се плаќа првиот дел од данокот, но затоа важи вториот дел, за чиешто одредување се користат вредности од посебна табела. Доколку емисијата на СО2 на автомобилот изнесува, на пример, 145 грами на километар, тогаш тој спаѓа во категоријата меѓу 141 и 150 g CO2/km и соодветно на тоа се пресметува коефициент 100 во случај на бензински мотор, односно 160 доколку моторот е дизел.
> Табела 1 за пресметување на делот од данокот што произлегува од вредноста на возилото
Вредност на моторното возило (EUR) |
||
Над |
До |
пВВ |
– |
10.000 |
0,0% |
10.000 |
12.000 |
1,0% |
12.000 |
14.000 |
2,0% |
14.000 |
16.000 |
4,0% |
16.000 |
18.000 |
6,0% |
18.000 |
20.000 |
8,0% |
20.000 |
23.000 |
10,0% |
23.000 |
26.000 |
12,0% |
26.000 |
29.000 |
14,0% |
29.000 |
32.000 |
16,0% |
32.000 |
35.000 |
17,0% |
35.000 |
40.000 |
18,0% |
40.000 |
50.000 |
19,0% |
50.000 |
– |
20,0% |
> Табела 2 за пресметување на делот од данокот што произлегува од емисијата на СО2 на возилото
Пресметувањето е мошне прегледно и лесно. Вториот дел од данокот за возила за конкретниов пример изнесува
145 g CO2/km x Коефициент 100 = 14.500 денари, за бензинец, односно
145 g CO2/km x Коефициент 160 = 23.200 денари, за дизел.
Тоа значи дека разликата во данокот од 8.700 денари треба да претставува демотивирачки фактор, што нашите возачи би ги пренасочило да изберат модел со бензински мотор. Колку е веродостојно дека ќе се случи тоа? Да претпоставиме дека автомобил со дизел мотор заштедува по 100 денари на секои 100 извозени километри, тоа значи дека оваа „демотивирачка“ компонента ќе се поништи по 8.700 извозени километри. Реално, заштедата е барем двојно поголема, па соодветно и километражата за враќање на „инвестицијата“ се преполовува. Во просек, за помалку од шест месеци. Посебен момент е тоа што дизелите генерално ослободуваат помалку СО2 од бензинец со истата моќност.
Давачката поврзана со СО2 кај моделите од компакт класата изнесува околу 10.000 денари, додека кај големите СУВ-модели со моќно дизели, таа може да надмине 100.000 денари
Уште еден пример, за случај да станува збор за тежок СУВ со моќен дизел и за вредности на СО2 што во табелата се нагласени во црвена боја. Jeep Grand Cherokee 3.0 CRD Laredo од 2007 година, според фабричките мерења испушта по 263 грами СО2 на секој километар. Коефициентот кај него изнесува 320, што не значи друго освен 320 денари за секој грам СО2. Според тоа, еко-компонентата во неговиот данок изнесува
263 g CO2/km x Коефициент 320 = 84.160 денари.
Американскиот „џип“, според статистиките, во конкретната изведба и во посоченото годиште, на германските плацеви за користени автомобили вреди во просек 9.328 евра – без тамошниот ДДВ од 19%. Според тоа, нашите автомобилски закони го ставаат овој модел во прифилегираната категорија до 10.000 евра, за којашто не се плаќа првиот дел од данокот, но затоа возилото подлежи на „еколошката казна“, на втората компонента во данокот, којашто во случајов е во висина од 84.160 денари или 1.363 евра.

За овој автомобил, според претходниот систем на даночење, се наплатуваше акциза во висина од 3%, односно околу 280 евра. За големиот Jeep, што е сон за голем број возачки и возачи, но е воедно и голем загадувач на средината околу сите нас, од 1-ви јануари 2020 година се плаќа близу петпати повисока „акциза“, односно по ново данок за возила. За „џипот“ од овој пример, данокот со неговата вредносна и еколошка компонента, учествува со 10,8% во крајната цена на возилото. Во тој поглед, данокот не е „фиксен“ туку сега зависи од цената и еко-компонентата.
Големите СУВ-модели што досега беа посебно привлечни на германските плацеви за користени автомобили, поскапуваат меѓу 1.000 и 1.500 евра
Кај шесте СУВ-модели од средната класа што ги избравме како пример во табелата, емисијата на СО2 се движи меѓу 231 и 282 грами, па соодветно на тоа и данокот е меѓу 65.000 денари и 105.000 денари, последново за Porsche Cayenne. Во споредба со стариот систем со акцизи, овие модели сега поскапуваат меѓу 1.000 и 1.540 евра.
Детално објаснување на новиот данок за возила: Симулација на цени со новиот данок за возила
Зошто за пример ги избравме токму овие големи и престижни автомобили? Затоа што големите и тешки СУВ модели, со соодветно големи и моќни дизели, претставуваат најголем товар за животната средина. Нивните цени на плацевите за користени автомобили паднаа драстично, откако повеќе градови во Европа почнаа да воведуваат забрани за сообраќај. По воспоставените канали, овие „евтини“ луксузни автомобили, масовно се распространија во блискиот и поширокиот регион. Проблеми со загаденоста, одамна пријавуваат и Белград, Прага, Варшава, Будимпешта, иако во помал обем од македонските градови.
Највисок стадиум е кога средината ќе научи да ги осудува возилата што имаат екстремно висока емисија на штетни материи во издувот
Секако дека важен фактор претставува и јавната осуда, затоа што луѓето гледаат поинаку на овие автомобили, кога знаат колку тие загадуваат. Кај нас не постоеше заштитен механизам, да ги демотивира возачите да ги купуваат големите СУВ-модели. Досега. Новиот данок за возила го прави токму тоа. Друго прашање е колку данокот ќе биде делотворен во тој поглед.
Ист е примерот со лимузините од вишата класа, од редот на Mercedes S-Class, Audi A8 и серијата 7 на BMW, како и со една класа подолу, со E-Class, Audi A6, BMW од серијата 5. Уличната слика во македонските градови денес ја сочинуваат големи и престижни лимузини по специјална „повластена“ цена за еколошки неосвестени средини, во придружба на претставителни СУВ-модели, место некогашните градски автомобили од типот на Polo и Yaris, или примерни семејни компакти како Golf и Astra.
Поглавјето со масовниот увоз на користени автомобили, иако трае десет години, мораше да се случи, за нашиот пазар да созрее и да исчезне фамата за евтини луксузни лимузини и „џипови“
Поглавјето со масовниот увоз на користени автомобили, секако мораше да се случи, но не и со исклучен „осет“ за животната средина од страна на законодавството. Македонскиот пазар генерално го немаше доживеано искуството со престижни и големи лимузини, по цена на „народски“ автомобил, сé додека во 2010 година не се подигнаа сите рампи, за во земјата да се собере сé што не завршило во топилница. Во меѓувреме, научивме дека супердостапните лимузини од највисоките класи се скапи и комплицирани за одржување и сервисирање, со вратена километража на којашто некој „дебело“ заработил, а научивме и дека во најголемиот број случаи, кога тогаш доаѓа моментот кога поправката на автомобилот станува неисплатлива и понатаму нема друго освен предавање на возилото во отпад или продавање во делови. Во тој поглед, се покажавме како лоши „инвеститори“.
Добар пазар со користени автомобили е неопходност во секоја земја. Купувачот на нов автомобил, сепак мора некаде да го продаде дотогашниот автомобил, зар не? Така се создава секој здрав и добар пазар на користени возила, токму преку поттикнувањето на продажбата на нови, или барем понови автомобили. Доколку се задржеше динамиката на продажба до 2000-те години, во Македонија моментно ќе имавме возен парк со најмалку сто илјади автомобили стари до десет години, место од тристотини илјади автомобили постари од дваесет години. И соодветно помала загаденост, тоа секако не смее да се превиди.
Помалку СО2, помалку данок: Тоа е правилото што важи веќе со децении во земјите од ЕУ, било да станува збор за прва регистрација или за продолжување на регистрацијата на возилата
Новиот данок за возила во основа е „фер“ за моделите од компакт класата. Opel Astra 1.9 CDTI произведена меѓу 2007 и 2008 година, во просек чини 3.000 евра на германските плацеви за користени возила. Нејзината цена со пресметан данок за возила, во 2020 година во Македонија ќе изнесува околу 3.550 евра. Тоа е за околу 560 евра повеќе отколку со „старите“ акцизи, но сега се зема предвид дека моделот испушта 153 g CO2/km. Поинаку е кај Ford Focus 1.6 TDCI (2008-2009) со пристојни 90 КС, но затоа и со коректни 120 g CO2/km. Тој во Германија чини во просек 2.900 евра во ова годиште. Со новиот данок за возила, тој сега би вредел околу 3.100 евра кај нас. „Поскапувањето“ кај него изнесува околу 225 евра. Тоа е ефектот, разликата со СО2-компонентата при пресметувањето на данокот.
Сите цени во следната табела се необврзувачки и само ориентациски, без точно пресметување на сите предвидени давачки.
Примери на симулација на цени на користени возила со норма Euro IV според новиот данок за возила
ВМВ = вредност на моторно возило, царинска основица; ДМВ = Данок на моторно возило (вклучувајќи ги двете компоненти, вредносната и еко-компонентата); Еко-комп = износ на еко-компонентата во вкупниот ДМВ; Крајна цена со 18% ДДВ; Разлика – во споредба со цената според претходниот систем со акцизи
Марка и модел | g СО2 / km | ВМВ (евра) | ДМВ (денари) | Еко-комп. (денари) | Крајна цена (евра) | Разлика (евра) |
Jeep Grand Cherokee 3.0 CRD Laredo (2007-2010) | 263 | 9328 | 84160 | 84160 | 12622 | 1,285 |
BMW X5 3.0d (2007) (E70) | 231 | 10210 | 70959 | 64680 | 13409 | 1,000 |
Audi Q7 3.0 TDI (06-07) (4L) | 282 | 10042 | 96415 | 90240 | 13700 | 1,495 |
Mercedes ML 320 CDI (07-08) (164) | 249 | 9580 | 69720 | 69720 | 12642 | 999 |
Porsche Cayenne Diesel (09-10) (955) | 244 | 14202 | 103253 | 68320 | 18739 | 976 |
Volkswagen Touareg V6 TDI (06-07) | 275 | 6303 | 88000 | 88000 | 9126 | 1,540 |
ЛИМУЗИНИ ВИША КЛАСА | 0 | |||||
Audi A8 3.0 TDI (07-09) | 224 | 7353 | 56000 | 56000 | 9751 | 901 |
BMW 730d (05-07) | 216 | 7437 | 54000 | 54000 | 9812 | 861 |
Mercedes S 320 CDI (05-08) | 220 | 10084 | 61201 | 55000 | 13074 | 817 |
ТЕРЕНЦИ | ||||||
Land Rover Discovery TdV6 S Automatic (04-07) | 270 | 8908 | 91878 | 86400 | 12274 | 1,448 |
Range Rover TDV8 SE Auto (06-07) | 299 | 13067 | 111751 | 95680 | 17564 | 1,528 |
SUV СРЕДНА КЛАСА | ||||||
Audi Q5 2.0 TDI quattro (08-10) | 175 | 10672 | 45063 | 38500 | 13458 | 487 |
BMW X3 xDrive20d (08-09) | 172 | 4916 | 37840 | 37840 | 6527 | 668 |
Mercedes GLK 320 CDI (08-09) | 208 | 9790 | 52000 | 52000 | 12550 | 651 |
Volvo XC60 2.4D AWD (08-09) | 199 | 8487 | 49750 | 49750 | 10970 | 754 |
ЛИМУЗИНИ СРЕДНА КЛАСА | ||||||
Alfa Romeo 159 1.0 JTDM 8V (08-09) | 157 | 3824 | 29830 | 29830 | 5084 | 550 |
Audi A4 2.0 TDI (08) | 134 | 7311 | 17420 | 17420 | 8961 | 162 |
BMW 320d xDrive (08-10) | 143 | 7269 | 22880 | 22880 | 9016 | 267 |
Ford Mondeo 2.0 TDCi (07) | 156 | 4160 | 29640 | 29640 | 5477 | 520 |
Jaguar X-Type 2.2D (06-07) | 159 | 3403 | 30210 | 30210 | 4596 | 560 |
Mercedes C 200 CDI (07-09) | 149 | 6134 | 23840 | 23840 | 7696 | 313 |
Opel Vectra 3.0 V6 CDTI (05-07) | 186 | 3235 | 40920 | 40920 | 4603 | 766 |
Peugeot 407 HDi FAP 135 Auto. (06) | 189 | 2899 | 41580 | 41580 | 4219 | 798 |
Saab 9-3 1.9 TiD Sentronic (04-07) | 189 | 2689 | 41580 | 41580 | 3971 | 798 |
Volkswagen Passat 1.9 TDI (05-08) | 148 | 3824 | 23680 | 23680 | 4966 | 432 |
КОМПАКТИ | ||||||
Alfa Romeo 147 1.9 JTD 8V M-Jet (07-08) | 153 | 2731 | 29070 | 29070 | 3781 | 558 |
Ford Focus 1.6 TDCi 90 (08-09) | 118 | 2437 | 11800 | 11800 | 3102 | 226 |
Opel Astra 1.9 CDTI DPF (07-08) | 154 | 2521 | 29260 | 29260 | 3536 | 561 |
Peugeot 308 HDi 90 (07-10) | 120 | 3109 | 12000 | 12000 | 3899 | 212 |
Volkswagen Golf 2.0 TDI (04-08) | 145 | 3487 | 23200 | 23200 | 4560 | 425 |