Фабриката иста како автомобилот. Mercedes S-Class ќе ја доживее својата светска премиера во 14 часот и ќе означи ново поглавје за марката, но и за целата индустрија. Станува збор за една од најмодерните автомобилски фабрики во светски рамки.
Тоа што важи за автомобилите и камионите на Daimler, важи и за фабриките. Новата Factory 56 е флексибилна, дигитална, ефикасна и одржлива. Во фабриката во Зинделфинген се вложени 730 милиони евра. Меѓу главните придобивки е зголемувањето на продуктивноста за 25 проценти во споредба со монтажата на претходната S-Class.
Фабриката 56 се издвојува и со флексибилноста, што важи и за бројот на различни модели што се произведуваат, така и до продуктивноста и до доставата на материјали. Потребни се само неколку денови, за во фабриката во Зинделфинген, во близина на Штутгарт, да стартува производство на нов модел. Тоа важи за модели од сите класи, од компактни модели до СУВ, исто како и за погонот, вклучувајќи и автомобили со електричен погон.
Продуктивноста ќе се приспособува според пазарната побарувачка. Секако дека Фабриката 56 е неутрална во поглед на емисијата на СО2. Во исто време е значително смалена и потрошувачката на енергија. За тоа меѓу другото придонесуваат фотоволтаичката постројка и акумулаторските единици што се состојат од стари батерии од електрични автомобили. Овој концепт понатаму ќе се пренесува на сите фабрики на Mercedes во светот.
Премиерата е во 14 часот, настанот ќе се пренесува во живо на сите канали на Mercedes-Benz на социјалните мрежи.