за

Електро-звукот на Ford Mustang Mach-E инспирација за музика

Прво инженерите за звук на Ford ги создадоа работните звуци на електричниот Mustang Mach-E, раководејќи се според филмовите од научната фантастика, а потоа светски познат музучар направи песна од нив.

Електро-звукот на Ford Mustang Mach-E инспирација за музика

Електро-музичарот Метју Дир од Детроит доби инспирација од звукот на електричниот Ford Mustang Mach-E. Како резултат од тоа, музичарот ги пренесе звуците од возењето на Mach-E во песна.

Инспирирани од класичните филмови од научната фантастика од 1980-те години, дизајнерите за звук во Ford стапија во соработка со студиото Ozone Sound, со цел да произведат електронски звуци, што ќе одговараат за појавата на Ford Mustang Mach-E, кој со својот електричен погон одвај произведува звуци при возењето.

Дир е основач на Music Ghostly, светски позната издавачка куќа за електронска музика, воедно и автор на химната „Hands Up for Detroit“. Тој ги користеше синтетските звуци од Ford Mustang при создавањето на песната „New Breed“. Станува збор за хипнотизирачки електронски аранжман, што се поврзува со новиот Ford Mustang Mach-E.

Звуците се многу повеќе кул отколку што претпоставував – како од научно-фантастичен филм – а звуците на автомобилот имаат врска со модерната музика. Создавањето на песната ‘New Breed беше посебно искуство и ценам дека песната, исто како и возилото, ги носат своите патници на едно патување.“

Ford Mustang уште од своето појавување пред повеќе од 50 години постојано се поврзува со музиката и како автомобилска икона е дел од бројни песни. Со New Breed“ продолжува музичката поврзаност на новата генерација на Mustang.

 

 

 

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

spyker aileron

Spyker се враќа на сцената со три модели

Новиот Mercedes S-Class доби нова фабрика: Отворена е Factory 56

Новиот Mercedes S-Class доби нова фабрика: Отворена е Factory 56