Спортската марка Spyker пред три години на салонот во Женева најави големо враќање на сцената, со вградување мотори од Koenigsegg. Потоа владееше молк. Холандската компанија сега најавува повторно враќање на сцената и има големи планови.
Во историјата на компанијата за производство на спортски автомобили Spyker, основана во 1999 година, досега имаше многубројни нови стартови. Следниот нов старт ќе се случи во 2021 година. Основачот Виктор Р. Милер за таа цел се здружи со инвеститорите Борис Ротенберг и Михаил Песис. Во нивна сопственост, меѓу другото, се наоѓаат компанијата за изработка на тркачки болиди BR Engineering, тркачкиот тим SMP Racing, како и работилницата за преработка на скапоцени автомобили R-Company со седиште во Трир, Германија.
Во оваа работилница, од следната година ќе започне со рачна изработка на моделите C8 Preliator, B6 Venator и D8 Peking-to-Paris. Во седиштето ќе се организираат сервисирањето и снабдувањето со резервни делови за вкупно 265 сопственици на автомобил од Spyker ширум светот.
Spyker најавува и отворање на престижен салон во Монако, по што ќе следат салони на други локации. Компанијата планира и враќање во меѓународниот мотоспорт, иако не се најавува кога би стартувал ангажманот.
















