Специјалистот за опрема за кампување Reimo разви еден вид кутија за кампување, којашто комплетно се сместува во багажникот на мега-теренецот Mercedes GLS, на S-Class меѓу теренците. Држачи поставени отстрана овозможуваат кампинг-боксот лесно да се отстрани од возилото и да се пренесе.
За вградувањето нема потреба да се вршат преправки во GLS. Кутијата е широка 105 сантиметри, длабока 115 сантиметри, а висока е 33 сантиметри. Кутијата со помош на сопствените ремени се прицврстува на прстените во багажникот. Најдоброто е во тоа што патниците уживаат во целиот комфор на задната клупа, исто како кутијата во багажникот да не постои.
Од левата страна се наоѓа кујна што се извлекува, додека од десната страна има простор за ладилник Dolmatic Coolmatic CD 30, кој работи со помош на компресор и чини дополнителни 700 евра. Во „боксот“ се наоѓа и 12-литарски канистар за свежа вода со вградена чешма, мијалник, гасен горилник за готвење и фиоки за сместување прибор за јадење и садови.
За испорака треба да се чека шест месеци; многу функции и детали се изработуваат по нарачка
Постои и преклоплива маса, којашто може да послужи и како работна плоча. Секако дека кампувањето честопати подразбира и преноќување, а оваа волшебна кутија го овозможува и тоа. Се спие на подлога широка 1,26 метар, долга два метри и дебела седум сантиметри. Бидејќи кутијата за изработува точно по желба, со многу индивидуални можности, изработката се врши само по нарачка. За тоа е потребен период од шест недели. Тоа е премногу долго време ако некој се посомнева дека инвестицијата од 1.890 евра можеби била непотребна.
Вградување кутија за кампување во Volkswagen Transporter
https://youtu.be/Yt2mSmAlt6g
Приколка за кампување што се претвора во јахта
Кинезите бараат и приколки за кампување
Шатор на покрив е добра идеја за викенд одмор