за

Шатор на покрив е добра идеја за викенд одмор

Gentle Tent шатор на покрив

Шатор на покрив е хит меѓу опремата за кампување. Тежи само 25 килограми, не одзема простор, се поставува брзо и лесно. Како и обично, цената може да биде проблем

Кој уште не помислува барем еднаш дневно во текот на работната недела да побегне далеку од гласниот, валкан и сив град? Неколку години наназад, на големите салони на опрема за кампување редовно се појавуваа шатори кои се поставуваат на покривот од автомобилот. Во меѓувреме се разви пазарната понуда, барем на поголемите пазари за опрема за кампување во Европа, а постојано се појавуваат и свежи идеи.

Gentle Tent GT Roof е таков шатор што во неколку потези се поставува врз покривот на автомобилот, ванот или теренецот. Место метални шипки, носечката структура на шаторот ја сочинуваат воздушни канали што се надувуваат. Тоа е малиот генијален трик во шаторот кој тежи само 25 килограми и склопен зафаќа простор со димензии 100 х 100 х 15 сантиметри.

Gentle Tent Шатор на покрив 4

Gentle Tent е австриска фирма, којашто е специјализирана за шатори на надувување, а GT Roof е прв таков шатор се поставува на покривот од возилото. Како основа служат обични кровни шини за багажник, коишто денес се стандардна опрема кај популарните СУВ модели. Потребни се само два попречни носачи, поставени на растојание од 80 сантиметри.

Багажникот и шаторот се поврзуваат преку алуминиумска рамка. По желба, шаторот може да виси странично од каросеријата или назад. До компактниот, но функционален простор за преноќување се стасува преку телескопски скалила. Други метални делови не постојат. Под куполата останува комотна висина од 130 сантиметри, а се спие на непробивен воздушен душек со димензии 220 х 140 сантиметри.

Има уште еден генијален трик. „Воздушната структура“ ја сочинуваат гумени црева. При продупчување, тие едноставно се извлекуваат, по можност се поправаат или заменуваат со нови.

Во обемот на испорака спаѓаат самолеплива лента во случај на продупчување, заедно со специјално лепило, сајли и клинови за прицврстување, а секако и електричен компресор. Добра надградба на пакетот би била пумпа за воздух што се приклучува на издувната цевка и го пумпа шаторот.

Gentle Tent Шатор на покрив 10

Производителот наведува дека шаторот може да се постави и на земја, па дури и да плови. Се нудат три комбинации на бои: Зелено-сива, сино-сива и беж-сива. Соодветно е пресметана и цената: 2.200 евра. Многумина кампери исто така пресметуваат добро. Производството на австриската фирма е резервирано за 8 до 9 недели однапред.

[FAG id=33662]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda CR-V

Honda CR-V без дизел, но со хибрид

mercedes t 80

Mercedes T 80 бркаше рекордни 650 km/h во 1940 година