за

Кинезите бараат и приколки за кампување

Хајмер приколки за кампување за Кина

Производителите на автомобили се во трајно славење откако кинескиот пазар бара сé повеќе возила. Кинезите сега имаат ново барање: Возила и опрема за кампување

Најголемиот пазар за автомобили во светот ќе стане и најголем пазар за возила и опрема за кампување. Еден од водечките производители во овој сегмент, германскиот Hymer, потпиша договор со кинеската компанија Lingyu за производство и дистрибуција на приколки и возила за кампување. Азискиот партнер моментно произведува шест различни модели на возила за кампување. Специјалност на компанијата со над 1.000 вработени е производство на специјални надградби за товарни возила.

Заедничката компанија со име Luoyang Erwin Hymer-Loncen Caravan во почетокот ќе произведува возила и приколки за кампување од моделската понуда на двата партнери, наменети за кинескиот пазар. Извоз во Европа не се планира.

Hymer го започнува новиот кинески бум за возила и прибор за кампување

Пред само десет години, во земјата со најбројна популација во светот постоеја само околу 3.000 камп-приколки и „моторхоуми“. Актуелната бројна состојба изнесува околу 70.000 возила за рекреација, при пораст од 50 проценти секоја година. Развојот кампинг-индустријата е составен дел од петогодишиот план на кинеската влада. До 2020 година се субвенционира изведување на повеќе од 4.000 туристички кампови. Моментно, за кинеските приколку и кампери има на располагање само 800 кампови.

Паралелно се менува и регулативата за возачка дозвола. Кинеските возачи со дозвола за управување патнички автомобил сега можат да управуваат кампер со максимална дозволена тежина до 4,5 тони или да влечат приколка со вкупна тежина на композицијата до 4,5 тони.

Групацијата Hymer во последната деловна година има продадено 61.700 возила, што е 6.700 возила повеќе отколку во претходната година. Продажниот рекорд резултираше и со зголемен промет во висина од 2,5 милијарди евра.

Како еден странец стекнуваше возачка дозвола во Кина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bugatti Divo premiera

Bugatti Divo: Четириесет каросерии по посебна нарачка, молам

Ferrari 250 GTO Scaglietti

Ferrari што вреди колку 40 куќи од по милион евра