Мерцедес направи спектакл од премиерата на ГЛА во Варшава

Првото појавување на новиот Мерцедес-Бенц ГЛА ќе остане запаметено како спектакл. Во центарот на Варшава, со Палатата на културата и науката во заднина, Мерцедес-Бенц повторно најде начин, за рутината на премиера на нов модел да ја претвори во шоу.

Порано беа главни големите салони на автомобили, во Женева, Франкфурт, Париз, Торино, на коишто производителите првпат го симнуваа велот од своите нови модели. Постоеше голема љубопитност и неизвесност, каков ќе биде новиот модел. Салоните веќе извесно време го губат значењето, но тоа не значи и дека автомобилите се помалку значајни. Мерцедес-Бенц ѝ даде ново значење на премиерата на нов модел, со настанот околу новиот ГЛА во Варшава.

Ретко досега, а веројатно никогаш, дигиталното претставување на нов модел пред светот, а тоа значи со пренос во живо на друштвените мрежи и какви сé не канали, било следено со толкава концентрација и со исчекување што ќе следи понатаму во настанот. Штутгарт уште нема излезено со податоци, но е мошне извесно дека наскоро ќе дојдат вести во коишто ќе се зборува за рекордна онлајн-посетеност на настанот, за неоткажувањето по две минути следење, за бројот на коментари и допаѓања, општо за успешноста на премиерата.

Новиот ГЛА, мошне извесно, и во иднина најпродаван во новото семејство компактни модели на Мерцедес-Бенц, по доаѓањето на новите генерации на купе-лимузината и комби-купето ЦЛА и седумседниот СУВ-модел ГЛБ, заслужи таква премиера. Настанот се одржа пред релативно мала одбрана публика во Варшава, престолнината на Полска, со импресивното здание на Палатата на културата и науките од 1950-те години, подарок од Сталин за полскиот народ, во заднина на поставената бина за премиерата.

По кусите, но делотворни говори на извршниот директор Ола Калениус, на главниот дизајнер и на главниот техничар околу ГЛА, публиката можеше да се слика и снима на филмските поставки насекаде низ просторот. На друштвените мрежи се пуштија небројни видеа и фотографии, како луѓе седат зад воланот на историскиот В 111 и на паното зад нив се прикажуваат сцени како на филм, создавајќи впечаток дека се глуми на филм.

За автомобилот допрво ќе се откриваат деталите и достигнувањата, но е сигурно дека Мерцедес-Бенц успеа да го привлече вниманието на цел свет, за доаѓањето на новиот модел.

Ако некогаш требаше да се преврти А-Класа, за да се привлече внимание, денес се прави премиера како за ГЛА

Ако некогаш маркетингот мораше да биде толку смел, па да инсценира божемно превртување на А-Класата, во средината на 1990-те години, за да го привлече вниманието на светот, дека Мерцедес-Бенц направил таков револуционерен и немерцедесовски модел како А-Класата, тоа денес сигурно му успеа со премиерата на ГЛА во Варшава.

Мерцедес-Бенц од денес почна со нарачки за ГЛА, а сакако се очекува моделот да се појави и во македонскиот Мерцедес, во Мак Аутостар, каде што веќе имаа премиера ЦЛА и ГЛБ. Освен во електрична изведба, компактниот кросовер ќе се произведува и во изведба со благ хибриден погон.

Новиот Мерцедес-Бенц ГЛА личи како за најпродаван компактен модел со ѕвезда

Претходна објаваАуди ги привлекува богатите семејства во САД со Ку 9, најголемиот модел досега
Следна објаваИ гумите трпат кога е жешко

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here