Новиот Мерцедес-Бенц ГЛА личи како за најпродаван компактен модел со ѕвезда

ГЛА заслужи да се појави на сцената како ѕвезда во семејството компактни модели на Мерцедес-Бенц, по купе-лимузината ЦЛА и СУВ-седумседот ГЛБ.

Новата генерација на компактниот СУВ-модел ГЛА е третиот модел во обновата на понудата на Мерцедес-Бенц во компактната класа, по ЦЛА и ГЛБ, и уште еден нов модел во напливот од вкупно 40 нови и освежени модели на марката со ѕвездата до 2027 година. Германија има плус причина да се радува, затоа што ГЛА и натаму ќе се произведува во Раштат.

Шефот Ола Калениус, качен на бината во Варшава, со филмска клапа во рацете, го означи следното палење на огнометот од новитети на Мерцедес-Бенц. Во средата, точно во 19.30 часот, светот првпат го виде новиот ГЛА, досега и веројатно во иднина најпродаван во семејството модели од компакт класата на марката со ѕвезда.

Според Швеѓанецот што со години е на чело на Мерцедес-Бенц, новиот ГЛА секој ден ќе ги одушевува клиентките и клиентите. „Новиот дизајн на внатрешноста нуди повеќепростор и комфор, и со тоа прави нашиот моментно најпродаван компактен модел да биде уште повеќе ценет.“

Само еден ден пред премиерата на ГЛА, Калениус мораше да соопшти вести што не се најрадосни, затоа што поради непрогласениот бојкот на европските премиум марки во Кина – а тоа е само реакција на воведувањето царини за кинеските електирчни автомобили во ЕУ – паѓа добивката, прометот, маржата.

Штутгарт се надева дека офанзивата од нови модели, каква што досега се нема случено во историјата на Мерцедес-Бенц, ќе ги смени работите. За Швабите да ги постигнат целите, мора да се штеди и новите модели мора да се продаваат одлично. Од 2025 година до 2027 година, светот ќе доживее вкупно 40 нови и освежени моделски серии на Мерцедес-Бенц. Досега е завршена една дузина.

Маржата од продажбата на автомобили мора да се донесе на осум до десет проценти до 2028/29 година, притоа мора да се удвои и уделот на електрични модели, за да дојде до 40 проценти, а од 1,7 милион лани, продажбата дотогаш мора да се врати на два милиони возила.

Моделската офанзива започна во минатата пролет со купе-лимузината ЦЛА. Потоа следеше ГЛБ како втор нов компактен модел, а како трет модел сега треба да му се посреќи најмногу на ГЛА.

Новиот компактен СУВ не донесува голема добивка, но е важен затоа што ги впрегнува фабриките и затоа што со ЦЛА привлекува нови купувачи на автомобил со ѕвезда, како најдостапен модел. Исто како кај ЦЛА и ГЛБ, прва почнува електричната изведба, а потоа следи хибридот. Електричниот ГЛА ќе може да се нарачува уште од 30-ти јули и во Германија чини 48.599 евра, за изведбата ГЛА 200.

ГЛА е наследник и на истоимениот претходник и на неговата електрична изведба Е Ку А. Вторава изведба беше пуштена во 2021, една година по стандардниот ГЛА.

Електричните модели на Мерцедес-Бенц досега се водеа под подмарката Е Ку и на купувачите им нудеа пристоен досег, но дизајнот без традиционалната маска не им се допаѓаше на клиентите на марката, што не сакаат отстапување од шемата.

Калениус побара да се врати традиционалниот дизајн на Мерцедес-Бенц со ѕвезда и со маска со саќеста решетка. Електричните и хибридните модели сега изгледаат исто. Си замина и означувањето со Е Ку.

ГЛА и Е Ку А во моментов се најпродавани во семејството компактни модели на Мерцедес-Бенц. На трите најголеми пазари, во Европа, САД и Кина, двата модели се продадени во 145.000 примероци. А-Класата, што е во заминување, има постигнато 85.000 продажби, додека поголемите СУВ-модели ГЛБ и електричниот пандан Е Ку Б заедно доаѓаат до 122.000 возила.

ГЛА повеќе нема да се продава во Кина

Новата генерација на ГЛА нема да се нуди на кинескиот пазар, и тоа е резултат на новата рационализација. Досегашниот ГЛА беше понуден на сите важни пазари, исто како и електричниот Е Ку А, којшто сепак не беше достапен во С

Најголемата побарувачка за ГЛА сепак е во Европа. Од трите најголеми пазари, во изминатата година и пол, во Европа се испорачани 80 проценти од вкупната продажба на ГЛА и Е Ку А, на САД отпаѓаат 17 проценти, а Кина учествува со само три проценти.

ГЛА носи добри вести за Германија како локација за производство

Исто како претходникот, новиот ГЛА ќе се произведува во Раштат, во германската сојузна покраина Баден Виртемберг. Оттаму излегува и ЦЛА, што досега има постигнато 34.000 продажби и со тоа ги надмина очекувањата.

Мерките за штедење на Мерцедес-Бенц ги зафаќаат првенствено германските фабрики. Поради високите трошоци, Мерцедес-Бенц префрлува неколку модели во Источна Европа. Капацитетот во унгарската фабрика е удвоен, а сксуено е во Германија. Според Мерцедес-Бенц, во Унгарија се произведува 70% поевтино.

Како и двата компактни модели пред него, ГЛА е конструиран врз платформата ММА, односно Мерцедес Модуларна Архитектура. Понудата засега ја сочинуваат три електрични модели. Подоцна ќе следат модели со благ хибриден погон.

Различно од првичните планови, платформата ММА се користи и за модели со мотор со внатрешно согоруивање, односно за хибриден погон. Во изминатите 18 месеци, електричниот Е Ку А во Европа достигнуваше малку над половина од продажбата на ГЛА. Од купувачите на ГЛА, само 25 проценти се решиле за хибридот, додека 75 проценти избрале бензинец или дизел.

Во меѓувреме, расте побарувачката за електричните модели на Мерцедес-Бенц. Досегот на ГЛА изнесува 657 километри. Со 800-волтна архитектура, за 10 минути се полни енергија за следните 270 километри пат. ГЛА може да полни со максимално 320 киловати.

ГЛА има спортска појава. Меѓуоскиното растојание порасна за шест сантиметр, на 2,79 метри, од што најмногу корист имаат патниците на задната клупа. Кај електирчниот модел има и мал багажник под предната хауба, каде што собира гајба.

По посебна нарачка, по целата ширина на кокпитот може да се протега дисплеј, со три екрани под заедничко стакло. Може да се прават состаноци преку Мајкрософт Тимс, да се даваат говорни команди за навигацијата и речиси за сите функции. Се вмешува и вештачка интелигенција, преку којашто возилото комуницира со патниците како човек. Сето тоа е заслуга на сопствениот оперативен систем МБ.ОС, исто како во останатите модели ММА-модели.

Наследникот на А-Класата доаѓа во 2027 година

До пред неколку години, А-Класата беше најпродаван компакт. Тековниот модел е на пазарот од 2018 година и според првичните планови, требаше да се повлече од понудата. Но, сега е решено производството на моделот што и натаму се бара во Европа да продолжи до 2028 година.

В година, сепак, ќе дојде наследникот, а се очекува дека продажбата ќе стартува во 2028 година.

Мерцедес ГЛБ · За секој ден и за секаде, секогаш Мерцедес

Претходна објаваФорд назначи поранешна директорка на БИД да го спасува бизнисот во Европа
Следна објаваБМВ отпушта 8.000 вработени во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here