Еден од најхаризматичните шефови на автомобилската сцена заминува во пензија во мај. За своите 43 години во Daimler, Дитер Цече ќе добива пензија во висина од 1,55 милион евра годишно.
Дитер Цече, шефот на Daimler, од 2020 година ќе има право на пензија во висина од 1,55 милион евра на годишно ниво. Дневно, тоа се 4.250 евра на име на пензија. Како еден од највпечатливите и најценети топ-менаџери на автомобилската сцена, Цече целосно го промени општествениот имиџ на производителот на премиум возила и на големите настани за неговата компанија обично настапуваше во лежерна облека. Неговата кариера во концернот Daimler траеше 43 години. Во 2006 година, Цече стана претседател на управниот одбор на концернот. Тој ќе си замине од оваа функција во мај.
Според договорот со работодавецот, Дитер Цече има право на годишна пензија во висина од 1,05 милион евра, којашто е фиксирана уште од 2005 година. На eкс-шефот во Штутгарт дополнително му следуваат уште половина милион евра годишно од доброволниот пензиски фонд.
Дитер Цече од Daimler со највисок углед од германските топ-шефови
















