Оваа дама вози Mercedes Arocs во каменолом

Оваа дама вози Mercedes Arocs во каменолом
Оваа дама вози Mercedes Arocs во каменолом

Возачката работа во каменолом не е лесна. Во случај да вози кипер што има погон само назад, Германката Дорин Таберт во нормален случај не би успеала да ја совлада нагорнината и би морала да вози долг обиколен пат. Но, нејзиниот Mercedes Arocs 1848 поседува хидрауличен помошен погон (HAD). Конкретно станува збор за хидростатски дополнителен погон за предната оска. На тој начин, тешкиот кипер може лесно да ја совлада нагорнината во каменоломот. HAD се вградени во самите оски и обезбедуваат дополнителна тракција.

Самостојната превозничка го набавила својот прв нов Arocs пред една година. Таа првенствено вози по асфалт, но повремено мора да совлада тежок или лизгав терен по градилиштата. Покрај HAD, камионот на Дорин дополнително поседува и дигитални ретровизори MirrorCam и погонска спрега што предвидува (Predictive Powertrain Control – PPC).

Дигиталните ретровизори MirrorCam ги заменуваат обичниот и широкоаголниот ретровизор, во исто време обезбедувајќи уште подобра прегледност. Од помош се и информациите што се појавуваат на дисплеите што служат како „огледало“. При престигнување се покажуваат линии, за Arocs да може безбедно да се врати во лентата. Камерите се вградени на покривот и зголемена е страничната прегледност. Уште една корист е тоа што „ретровизорите“ не се валкаат.

Четири камиони Mercedes Actros превезуваа резервоар од 175 тони

Четири камиони Mercedes Actros превезуваа резервоар од 175 тони
Четири камиони Mercedes Actros превезуваа резервоар од 175 тони

Претходна објаваИлон Маск ги побива гласините за Tesla Model 3 со досег над 400 милји
Следна објаваШпанија одвои 3,75 милијарди евра за помош на автоиндустријата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here