Тешка задача во тешки времиња. Корона-кризата не смее да ги попречи големите проекти, како што е испорака на гигантски резервоар за притисок. По повеќемесечно планирање, шпедицијата Пауле од германскиот град Штутгарт ја реализираше испораката од фирмата Шолц Гмбх од Кесфелд. Работата беше несекојдневна: Испорака на голема автоклава – резервоар за притисок, во кого под притисок од 12 бари и температура од 250 степени Целзиусови се печат карбонски делови. Превозот се вршеше на растојание од 33 километри.
Посебниот предизвик на транспорт од овој вид е високото тежиште на товарот тежок 175 тони, долг 25 метри и дијаметар од 7 метри. Резервоарот беше поставен на продолжена носечка платформа со 22 оски. При транспортот не смееше да се намине наведнување од 5 степени, затоа што во спротивно би се превртел товарот.
Задачата им припадна на четири влекачи Mercedes Actros, од кои два беа во верзија со четири оски SLT со 650 КС. Тие беа задолжени за транпортот на автоклавата, а со двата останати влекачи се превезуваа капаците тешки 20 тони и прибор. Нивниот товар исто беше предизвикувачки, поради ширината од осум метри. Одредиштето беше локалното пристаниште, по коешто товарот со брод продолжи уште шест часови до Ротердам, Холандија. Потфатот траеше три часови.
https://photos.app.goo.gl/PKxvZTGA4e9VKckj8
















